Меѓу имињата на списокот има повеќемина кои го критикуваа новиот и построг закон против хомосексуалноста. . Списокот го објави Ред пепер, со насловна страна на која со големи букви е испишано "ОТКРИЕНИ!"
Со новиот закон оние кои прв пат ќе ги прекршат правилата ќе бидат казнети со затвор до 14 години. Сите оние кои ќе извршат "тешка хомосексуалност," која вклучува и повеќекратен консензуален геј секс, ги чека доживотна казна затвор
Во 2011-та еден друг таблоид (кој веќе не се печати) објави слична листа на хомосексуалци во Уганда, со таа разлика што тие тогаш бараа и нивна егзекуција. Кратко по објавувањето на таа листа беше убиен и еден геј активист. Во тоа време судот пресуди дека јавното објавување на геј поединците преставува опасно нарушување на приватноста, посебно ако се има во предвид изразената хомофобија.
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, кога го потпишуваше законот изјави дека негова цел е да се спречи западната "регрутација" на младите од земјата во хомосексуалност.