Нек се моја душа смири

Шпанија затвори 10.000 кафани

Иако уште ги има на претек, за 2013-та Шпанија постигнува просек од кој трепти секој ајнцер во Дебар Маало - 27 пропаднати кафани на ден.

Минатата година се затвориле околу 10.000 кафани и ресторани во земјата, а од почетокот на кризата проценката на шпанската Федерација за угостителство и кетеринг е дека бројката е околу 60.000 вакви локали.

Два клучни фактори кои влијаат на ова се скокот на невработеноста од 10 на 25% од населението, и падот на потрошувачката во барови и ресторани за 22%.

Дополнителен проблем е што во Шпанија со тек на време почна да преовладува мантрата дека ресторан е бизнисот од соништата. Па така на крајот од минатата година во земјата имаше 350.000 угостителски локали или по 1 ресторан на 132 Шпанци.

7 март 2014 - 14:10