Сепак се шири

Она што досега беше само теориска претпоставка отсега има и цврсти докази, тврдат научниците од Харвард Смитсониан чии наоди за ширењето на космосот се оценуваат како спектакуларни и за кои веќе се резервира следниот Нобел.

За првпат науката има цврсти докази за ширењето на космосот започнато на  дел од секунда после примордијалната експлозија наречена Биг Бенг, некаде пред 13,8 милијарди години.

Бил користен специјален телескоп наречен БИЦЕП (Background Imaging of Cosmic Extragalactic Polarization) со кој се регистрирани толку очекуваните гравитациски бранови кои пред стотина години во својата општа теорија на релативноста ги спомнува Алберт Ајнштајн.

Најлаички објаснето, она што го регистрирал телескопот се толкува како ехо од Биг Бенгот кое постојано се шири и засилува благодарејќи на тн инфлација на космосот.

"Нашата мисија беше барање игла во сено, но наместо игла најдовме железна прачка," одушевено изјави водачот на истражувањето Клем Прајк од Универзитетот во Минесота.

17 март 2014 - 22:27