Промените што најмногу ќе се забележат на прва се оние направени на предницата, чија поента е зголемена безбедност на возачите и минимизирање на шансите за повреда.
- Сега носот е многу понизок од порано, што спречува автомобилот да се крене во воздух во случај на судар. Со новите правила носот не може да биде повисок од 185 милиметри. Ова е сериозен проблем за дизајнерите и инженерите, кои сакаат да го кренат носот за да го зголемат протокот на воздух. Сето ова резултираше со лепеза на ужасни дизајни на оваа тема.
- На задниот дел пак, издувот е насочен нагоре со што топлиот воздух е насочен подалеку од аеродинамичните компоненти заради што инженерите повеќе нема да можат да го прават трикот што до сега го користеа за зголемување на аеродинамичниот притисок. Ова ќе доведе до послаб притисок на задниот дел, а со тоа и пониски брзини во кривините.
- Освен тоа количината на гориво е ограничена на 100 килограми по трка, од минатогодишните 160 килограми.
"Сè е поразлично. Имаме нов систем на кочници, кој во моментот не е најдоброто нешто што постои. Ова ги прави работите многу покомпликувани. Се обидуваме ова добро да го наштелуваме. Имаме нови команди на воланот, и ова се обидуваме да го средиме. Турбо, KERS..." изјавил Луис Хамилтон, за Скај Спортс.
Во однос на машината, постојните 2,4-литарски V8 мотори, кои развиваа 18.000 вртежи во минута, годинава се заменети со 1,6-литарски V6 мотори со турбо, кои развиваат околу 15.000 вртежи.