Лондон 2012-та
Британците се уште работат на трансформацијата на олимпиското село во "цивилен проект," кој кога ќе биде готов меѓу другото ќе има две училишта, 8.000 нови домови и нов трговски центар, а Олимпискиот стадион моментално се адаптира за потребите на фудбалскиот клуб Вест Хем (од 80 на 60 илјади седишта).
Тотал: На крајот Лондон потроши 10,4 милијарди долари на Игрите, ама веќе во март 2013-та беше во плус и пријави профит од 87 милиони долари.
Пекинг 2008-ма
Кинезите се изнамачија да го вклопат олимпискиот парк во остатокот од престолнината. Извештаите се дека најголемиот дел од објектите седат пусти, а единствено поголем успех имаше со Акватик центарот кој е претворен во воден парк.
Тотал: Пекинг потроши 44 милијарди долари на Игрите, ама веќе во 2009-та пријавија профит од 146 милиони долари.
Торино: 2004-та
Во 2006-та слично како Сочи, и Торино беше еден од помалку познатите градови кои добија организација на ЗОИ. Од тогаш градот доживува туристички бум, а речиси сите објекти од Олимпијадата се уште се користат за туристи.
Тотал: И покрај сето ова Торино и понатаму е 3 милијарди долари над предвидениот буџет.
Атина 2004-та
Атина претставува најголемиот кошмар за секој град домаќин на Олимпијада. Градот го надмина буџетот за организирање за околу 10 милијарди долари (во пари од 2004-та), а речиси сите објекти кои беа изградени останаа неискористени по крајот на игрите.
Тотал: Атина ги заврши игрите со вкупен долг од 14 милијарди долари, кој според некои експерти е и една до причините за денешните финансиски проблеми на Грција.