Каде исчезна Јакузата

Јапонската мафија има деликатна позиција во општеството, таа е најрегуларна криминална организација меѓутоа не е забранета со закон, а полицијата ја има признаено и ја регулира (нешто слично како надзорно тело). Сега членството им е драстично намалено, ама не знаат каде им се отидени членовите.

Моментално Јакузата има проблем со својата бројност и не се многу сигурни што точно им се случува. Во 1963-та, мафијата го достигнува рекордниот број од 184.000 членови.

Во 1992-ра Јапонија воведува повеќе закони против организиран криминал и во текот на следните години Јакузата брои околу 80.000 членови. На крајот од 2011-та, бројката паѓа на 70.300, следната година се намалува на 63.200, за 2013-та, да го заврши со 58.600. Членството на Јакузата е речиси 50-50 регуларни членови и соработници.

Властите систематски гледаат колку што е можно повеќе да ја отежнат работата на Јакузата со мерки од типот:

- Воведоа закон со кој се забранува собирање пари за заштита, што беше регуларен и стабилен бизнис на јакузата се до 2011-та.

- Најголемиот дел од банките, агенциите за недвижнини и осигурувањата имаат клаузули кои забрануваат потпишување договори со криминалци. Па ако член на Јакузата потпише договор со банка за отворање сметка, банката може инстантно да го поништи истиот ако потврдат дека тој има врска со организиран криминал.

- Работодавците, шефовите на Јакузата, од 2008-ма се одговорни за постапките на своите потчинети и материјално одговараат за секоја штета што овие ќе ја направат.

Од јапонската Национална полициска агенција објаснуваат дека е паднат бројот на членови на Јакузата, само имаат проблем да утврдат каде се сега тие членови. Ним им е страв дека луѓето што им недостасуваат може да се преминати во групи кои и се помалку познати на полицијата и кои не се водат по правилата на Јакузата. (Нивниот код забранува кражби, сексуален напад, продажба или користење дрога, а дозволено е уценување, изнудување пари и рекет.)

10 март 2014 - 12:43