Зголемувањето на светската популација од ОН е маркирано како едeн од петте најсериозни мега трендови (другите се урбанизацијата, климатските промени, миграциите и нестабилноста на ресурсите).
Пред некоја година човештвото изброи 7 милијарди но од друга страна постои поинаков тренд: половина од светската популација живее во земји во кои семејствата имаат помалку од две деца, колку што изнесува ратата на "проста замена".
Ваквиот пад на прирастот е природно следен од трендот за стареење на популацијата. На пример, Сингапур денес важи за едно од најнаселените места на светот. Но има и еден од најниските прирасти кој изнесува помалку од еден. Тоа значи дека ако претпоставиме дека ќе нема дојденци, само за три генерации, населението на Сингапур ќе се намали за 90 проценти.
Науката предвидува дека човештвото својата најголема бројност ќе ја достигне во следните 20 години, по што ќе почне рапидно да опаѓа.
Денес најпросперитетните земји ќе имаат огромни проблеми заради остареното население, а светската сиромаштија ќе се згуснува. Тоа води кон тн "демографија на тероризмот", закономерност по која многу млади, сиромашни и бесперспективни луѓе имаат поголеми шанси да завршат во насилни активности. Меѓу 10-те земји со најголем прираст се и Јужен Судан, Република Конго, Уганда и Авганистан.
Легално или не, сиромаштијата ќе се прелева во други земји барајќи си чаре, тие земји нема да имаат инфраструктура да ги асимилираат, тоа ќе раѓа ксенофобија....
И така, што би рекле битолчани: куро крај нема.