Тестаментот на покојниот актер бил отворен во суд на Менхетн и во него е откриено дека последна желба на Хофман е неговиот 10 годишен син да расте во градска средина, во средина со култура.
Во тестаментот Хофман изразува силна желба тоа да биде Њујорк, но ги допушта и Чикаго и Сан Франциско.
Во случај тоа да не биде можно, вели дека би сакал синот да ги посетува овие места барем два пати годишно.
Сакам мојот син да биде изложен на култирата, уметноста и артектурата кои овие градови ги имаат, се вели во документот.
Тестаментот бил пишуван во 2004-та година, пред да се родат неговите две ќерки. Најголемиот дел од својот имот Хофман ѝ го оставил на својата долгогодишна девојка Мими О Донел.