Разно

Кејти Пери прва со 50 милиони

До пред некоја година рекордерка беше Лејди Гага, потоа водството го презема Џастин Бибер за да го претрка Кејти Пери и да стане најследената жена на светот.

Активисти од средна класа, обединете се

Маркс го утна носителот на класната револуција бидејќи работничката класа одамна не е тоа што беше. Но, можеби малку поинаков бауч сега кружи над нашите глави.

Мој је живот Шведска

Во Америка треба да имаш богат татко што цело време ќе ти попушта, за да можеш да живееш како што живее просечен шведски работник, порачува кампањата за промоција на Шведска.

Побогат си отколку што мислиш

Ако си писмен, имаш пристап до интернет, можеш да си дозволиш да наполниш некаков вид на смартфон / таблет што е твој и имаш доволно време за читање, тогаш ти си доволно богат за да им помогнеш на сиромашните во светот.

Турбан, долу!

САД ги олабавуваат правилата за униформа на американската војска и ќе дозволат религиозни додатоци како што се бради, капи, турбани и тетоважи.

Лежи лебу да те учам

Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс им понудила 40 милиони на сиромашките школи во Питсбург доколку изградат систем по кој наставниците ќе бидат одговорни за успехот на учениците. Наставничката федерација одговорила отприлика: Не, фала, вака ни е подобро.

Грција, 180-годишна историја на позајмување

Во 1830-та, швајцарски банкар го помага почетокот на новоформираната грчка нација, основана на странски кредит кој никогаш нема да може да го отплати. Човекот е Жан-Габриел Ејнард, првиот кредитор на Грција.

Во случај да видите печурка

Не дека денеска ќе ни треба ама никогаш не се знае: имаме научно решение на дилемата што е попаметно да се прави ако во близина ни падне нуклеарна бомба: да се криеме одма кај стигнеме или да бараме саглам скривница.

Скапо е да си сиромав

Сиромаштијата не само што не е секогаш прашање на погрешни одлуки, лоши навики или немање амбиции (како кај Едо Маајка: Za beskućnika kažu, imo bi, da radi) туку баг во системот кој води во стапица од која скапо се излегува.

Мажот што го издаде Оланд

Пред една година во едно париско кафуле, 42-годишниот папарацо Себастијан Валиела во разговор со Ле Монд порачува: "ако некој успее да ги фотографира заедно Франсоа Оланд и Жули Гаје тоа ќе биде голема работа. Ама кој ќе се осмели да го објави тоа?" Една година подоцна тој е човекот што ја открива аферата.

Што подароци добија роднините на Кралицата

На почеток од годината британското кралско семејство го објавува списокот на официјални подароците што лани ги добиле. Според списоков далеку повеќе се исплати да си спонзоруша, него принцеза.

Најнасилниот спорт на светот

Вклучува рагби, фудбал, американски фудбал, бокс, ММА и борење грчко-римски стил, се играл пред 600 години а се игра и денес. По исти правила.

23 мапи за подобро да го разберете светот

За да не мора многу да збориме, а сепак да се разбереме, една компилација од мапи која би требало да ви разјасни некои работи околу Земјата.

Тужба за премногу клоци во глава

Најк доби тужба од еден (сега веќе осуден) макро, затоа што на своите патики не ставиле предупредување дека повеќекратното шутирање луѓе со истите може да предизвика повреди.

Како ЕмТиВи помогна против трудни тинејџерки

Објаснувањето на учесничките на реалните шоуа на ЕмТиВи со трудни тинејџерки е дека тоа го прават за да покажат дека така не се почнува семејство. Излезе дека ова им успеало барем 20.000 пати.

1-ви јануари, роденденот на сите Авганистанци

Од американската инвазија на Авганистан, 1-ви јануари во земјата не се слави како почеток на годината туку како официјален роденден на илјадници Авганистанци кои не знаат кога се родени.

Крајот на брадата?

Откако одговорниот за односи со јавност на Белата Куќа, Џеј Карни, на првата прес конференција за годинава се појави со брада, по што Њујорк Тајмс објави дека брадата станала меинстрим, GQ и официјално прогласи дека брадата повеќе не е кул.

Каде да криеш пари од мито, кинеска верзија

Во време кога сите ти бројат колку имаш (државата, партијата, соседите), проблемот со парите добиени за поткуп е како да ги скриеш од сите нив. На оваа тема "докторира" еден кинески функционер (сега веќе осуден на смрт), кој собирал мито од околу 30 илјади долари на ден.

Домовите на собирачите

Британска фотографка загледува некоe од американските реални шоуа на тема "hoarders" и добива чувство дека овие луѓе како намерно да ги прикажуваат во лошо светло. Решава да почне да работи на темата, под наслов "Вештина на чување."

Мозокот има ВИП листа на ваши пријатели

Сите проблеми што вие мислите дека ги имате со стекнување нови пријатели на стари години (тоа се сите оние години кога веќе не си кажуваш со некој дека сте најдобри другари), мозокот ги решава по сопствен систем без воопшто да ве замара за тоа.

Мажи, полека со дезодорансот

Мнозинството девојки сметаат дека машките се дават во дезодоранси и дека треба да олабават малку. Затоа што е деликатна темава мора да дадеме мало појаснување: забелешката се однесува на тие што ставаат дезодоранс, и да, подобро е премногу отколку ич.

30 луѓе што не успеаа до 30 години

Форбс ја објави листата 30 под 30 во која ги наведува 30-те моментално најуспешни луѓе во светот кои се уште немаат наполнето 30 години. За сите нив одлично, за останатите ви пренесуваме друга листа, 30 успешни луѓе што никогаш не би се нашле на листата 30 под 30.

Феминистичка одбрана на машкоста

"Општеството ја неутрализира машкоста на момчињата уште од рана возраст, а недостатокот на луѓе што не служеле војска, а се на значајни државни позиции, е рецепт за катастрофа", вели познатата феминистка од која на некои други феминистки им се креваат влакна под мишки.