Разно

Абажур "Ван Ромпуј"

Нема тука некоја вест, главна е фотографијата која го релативизира смртно сериозниот имиџ на високите евро - авторитети и нивната способност доброволно да изгледаат како да изгубиле опклада од некои локални мајтапџии. Шпанија, Ван Ромпуј.

Интервју со менаџер на стриптиз клуб

Неколку главни работи што можат да се научат е дека нема многу секс и нема премногу пари во работата (за американски услови), ама можеш да бидеш сигурен дека ќе имаш само згодни колешки.

Зошто сиромашните играат лото?

Откако премијата се наталожи затоа што последните 20 кола беа неуспешни, за извлекувањето на петок 13-ти премијата достигна 400 милиони долари. Шансите да ти се падне џекпотот се 259 милиони спрема 1.

Колку чини да ти дојде брза помош

Пресметката е направена за брза помош во САД, ама уште од старт да ви кажеме дека нема некоја конечна цена бидејќи сумата има многу варијабли кои ја менуваат цената. Ама ако претпоставиме дека ви се слошило во Монтереј Каунти, Калифорнија, доаѓањето на амбулантна кола ќе ве чини 2.206 долари.

Како ќе изгледа британското знаме ако Шкотска се отцепи?

За 10 месеци Шкотите ќе одлучуваат за својата независност од Кралството, истото кралство чие знаме се базира на спојувањето на круните на Англија и Шкотска.

Шазам за наци музика

Германската полиција во иднина ќе користи смартфон апликација која за неколку десетини секунди ќе може да препознае забранета нацистичка песна.

Зошто вашиот мозок сака листи

Меракот на листите е затоа што во нив се' е спакувано во амбалажа која му овозможува на мозокот на најлесен можен начин да прими и да сфати некоја информација.

Кој е најдобриот супер-автомобил на светот според Топ Гиар

Магазинот (кој го прават истите луѓе како и шоуто) ги одбра петте најдобри супер-автомобили на светот и реши да провери кој од нив е број еден. И тоа не врз основа на цена или спецификации, туку каква работа ќе завршат на патеката.

7 работи што му снемуваат на светот

Не само што ни изумираат секакви видови птици и животинки, а по пат почнува да снемува и нафта и јаглен, на Земјата сериозно и трепка сијаличката дека е на резерва за работи како чоколадо, вино или сланина.

 

Кој милионер сака да биде амал?

Рускиот мултимилијардер и медиумски могул Александар Лебедев, со огромна заинтересираност од медиумите го започна своето аргатување на кое е казнет заради познатиот инцидент во едно тв шоу.

НФЛ џаболебарење и реклами

НФЛ се игра 5 месеци во годината, и до плејофот секој тим има по 16 натпревари. За време на еден просечен натпревар, активно се играат само 11 минути, ама затоа се пуштаат над 100 реклами.

За колку пари Сан Франциско стана Готам

Пред неколку дена дел од Сан Франциско беше претворен во Готам, со цел да се исполни желбата на 5-годишниот Мајлс Скот (кој боледува од леукемија) цел еден ден да биде суперхерој. Откако мина еуфоријата, некој седна да направи математика колку чинеше правењето мерак.

Како се заработува од украдени уметнички дела

Годишно профитот од продажба на крадени ремек дела е помал само од профитот што се прави од продажба на дрога. И оваа процена не е според "продажната цена" на уметничките дела објавена во медиумите.

Како Токио ја замислува иднината

На секои две години авто-индустријата го окупира Токио за да ја покаже својата визија за иднината. Годинава се одржа 43-от Токио Мотор Шоу. Се собраа сите и Јапонци, и Германци и Французи.

Најголемите кражби на храна во 2013.

Во 2013-та се крадело храна на големо. Од плескавици до бурбон, од ореви до пилешки крилца и конзерви со грав и колбаси. Ова се најголемите грабежи за годинава.

Мојот Зен го кова твојот Зен

Кога се работи за сексуални скандали во медиумите, се чини на темата се претплатени Католичката црква и СПЦ. Но, сeксуални предатори има и во други верски организации во кои изгледаат сосема "неприродно". Оммм...

Пеколот на трчање маратон

Без разлика колку позитивно делува физичката активност, човековото тело во никој случај не е предвидено да може да истрча 42 километри без престан. Подвигот на трчање маратон доаѓа по цена на зијан на речиси цело тело.

Булшит политички фотографии

Веројатно сте ја виделе оваа романтична фотографија на двајца демонстранти кои се љубат среде протести. Еднодушно би се согласиле дека нејзината главна порака е дека љубовта е посилна од сè. Има еден визуелен експерт кој се занимава со овие теми кој не се плаши истово да го нарече булшит.

Човечко испраќање на една душа

Во весник се појавува некролог дека 99 годишен воен ветеран починал спокојно, во сон. Се наведува и дека дедото немал нигде никого, ни семејство ни блиски. Ова ги допира луѓето и стотици доаѓаат на гробишта на неговото последно испраќање.

Фотографии кои нема да можете лесно да ги заборавите

Вол Стрит Журнал ја покрена темата за тоа колку многу луѓе со сериозни ментални проблеми чмаат по американските затвори наместо да бидат третирани во соодветни психијатриски установи.

Богата Америка vs. сиромашна Америка

Меѓу кошмарните статистики од САД има податоци од типот дека 40% од работниците годишно заработуваат помалку од 20.000 долари (плус на оваа сума треба и данок да платат) или 1.666 долари месечно.

Економскиот раст се сврте против животот

Бескрајниот раст е мечта на економистите, бизнисмените и политичарите. На него се гледа како на мерка за напредок. Сепак, економскиот раст во себе ја крие сиромаштијата која ја создава преку уништувањето на природата, што прави заедниците да немаат капацитет да се грижат за самите себеси.

Нацијата навлечена на пластика

Моменталната ситуација со опседнатоста со пластични операции и облини во Венецуела е стигната до стадиум што дури и пластичните кукли за во бутик што ги купуваат од Европа прво одат на надградување на градите и задниците пред да ги стават на излог.

Кога е најдобро време да се пие кафе?

Пиењето кафе во право време прво помага тоа подобро "да фати" и второ спречува да создадете толеранција на кофеинот, и сето ова е базирано на неврологија.