Новите државни правила за фризура биле воведени во Пјонгјанг пред 2 недели, а сега почнуваат да се имплементираат и во остатокот на државата, не на преголема радост на машката популација.
"Фризурата на нашиот лидер е многу посебна, ако може така да кажам. Таа не може да му одговара на секого, бидејќи секој има различно лице и форма на главата," изјавил еден извор за Радио Слободна Азија.
Во исто време еден поранешен жител на Северот кој сега живее во Кина изјавил за Кореа Тајмс дека фризурата на Ким Јонг Ун е многу непопуларна во Северна Кореја затоа што локалците ги потсетува на кинески шверцери: "До средината на 2000-те, ја викавме 'кинески шверцер фризура.'"
Веќе некое време фризурите во Северна Кореја се одредени со официјални државни правила, и до сега жените можеа да бираат меѓу 18 различни изгледи на косата, а за мажите имаше 10. Неодамна државната телевизија започна со кампања против долгата коса, под мото "да ја скратиме косата во согласност со нашиот социјалистички животен стил.".