Бостон Глоуб неодамна ги анализира проблемите со грдотијата заклучувајќи дека постојните закони не се подготвени да се справат со дискриминацијата по основа на убавина. Ама кривицата за тоа е што нема кој да го побара ова.
"Не постои лоби за нив. Како би променил дискриминаторско однесување кое, иако не е фер, очигледно е длабоко всадено и најчесто несвесно - а влијае на луѓе кои би биле повредени дури и со тоа што ќе признаат дека се во оваа категорија?" пишува Рут Грем за Глоуб.
Проблемот со убавината е што таа е далеку по објективна отколку што ние тоа го мислиме. Дури и на ниво на различни култури прилично конзистентно е она што луѓето го сметаат за убавина.
На ова се надоврзува ставот кој преовладува во човештвото и "приказната која им ја кажуваме на нашите деца" дека изгледот не е важен и дека важно е што имаш внатре во себе. "Ни требаат некои приказни дека се искрени за пристрасноста кон убавите луѓе и приказни за млади принцези кои ги собираат грдите луѓе во борбата за еднакви права."