Пред 400 и кусур години кога грофот Џовани де Барди ги пишува правилата за calcio storico fiorentino, спортот се игра од аристократи, а во неколку натпревари имаат учествувано и актуелните папи.
Денес натпреварот се игра секоја трета недела од јуни на плоштадот во центарот на Фиренца. Учествуваат 4 тимови кои ги претставуваат 4-те населби на градот. Сите тимови играат по еден натпревар меѓу себе, а победниците одат во финалето на 24-ти јуни.
Натпреварот се игра на голем терен со песок, а секој тим има по 27 битанги од играчи. Топката може да се удира со раце и со нозе, а и противничките играчи без никаква санкција исто така може да се удираат со раце и нозе (дозволени се боксови или кои било боречки вештини). Забранети се само 2 работи: удари со нога во глава, и тепачки на двајца или повеќе против еден.