Иако фотографијата треба "да го улови животот во еден момент" тоа обично не се случува, бидејќи кога и да видиме фотоапарат ние прекинуваме тоа што го правиме во моментот и позираме.
Кога прв пат се појавуваат фотографиите нивното создавање вклучува цел производен процес, од неколку фази, придружен од соодветно мајсторство.
Заради обемноста на овој процес луѓето почнуваат внимателно да се подготвуваат за секоја фотографија. Во тоа време ако сакаш фотографија мора да позираш за нејзе, а самите фотографи освен фото-опремата имаат и посебни држачи за луѓе кои им помагаат во позирањето позиционирајќи ја нивната глава и тело.
Зошто тогаш ова уште трае и ден денес?
"Луѓето се навикнати на позирање, тие го очекуваат тоа. Позирањето е навика која е формирана од технолошките барања од минатото. Сепак, како што фотографиите во основа станаа бесплатни ние се повеќе гледаме интересни спонтани фотографии, во најголемиот дел од предмети и пејзажи, ама не од луѓе или од лица. Традицијата на позирање исто така влијае на способноста на фотографите да направат некоја спонтана фотографија од пријателите или семејството. Можеби се сеќавате кога прв пат сте виделе фотографија од вашиот профил. Веројатно чудно се чувствувавте. Луѓето некогаш може да се чувствуваат непријатно кога некој ќе ги фотографира без да очекуваат, бидејќи тие немале шанса да се 'подготват' за фотката, затоа што некако мислат дека тие треба да се подготват за ова," пишува Јусеф Саран.