Следен со приврзаници облечени како други ликови од „Ѕвездените војни", Дарт Вејдер достави документи со кои како кандидат на Украинската интернет партија се обиде да учествува на претседателските избори закажани за 25 мај.
Поради сомнеж во исправноста на некои од документите како и во целисходноста на една ваква кандидатура, надлежните му ја одбиле пријавата.
Речиси е сигурно дека зад Дарт Вејдер се крие електричарот Виктор Шевченко, кој неодамна и официјално си го сменил името во Дарт Вејдер.
Член на комисијата му порачал да проба да се кандидира во Русија каде што медиумите му посветуваат големо внимание.
Тие веќе имаат некои "мали зелени" во Крим па таков водач би им одговарал, изјави Ихор Жиденко.