Делото е на уметникот Ентони Микалеф и го покажува Исус пред расположено и едвај-чека-да-го-види- талентот жири карактеристично за популарните шоуа од ваков вид од типот на Икс Фактор, Идол и други.
Сликата е една од серијата уметнички дела од разни автори кои за време на велигденскиот пост требаше да бидат изложени во една лондонска црква и истовремено со постери во лондонското метро.
Црквата на Англија го одобри делото и тоа заедно со другите дела на оваа тема ќе се најде изложена во лондонската Свети Мерилбон, црквата во која е крстен лорд Гордон Бајрон.
Но, надлежните во лондонското Метро се уплашија од идејата па решија да ја изземат оваа слика од колекцијата која ќе се најде на нивните станици.
Уметникот смета дека се работи за класичен акт на цензура додека гавазите од Метрото засега не сакаат да го објаснат потегот.
Сликата очигледно ја загатнува идејата како Исус би се снашол пред едни од најпознатите симболи на денешните авторитети, жири на пеачко шоу кое одредува судбини, доделува благослови, осудува на вечно мачење во пеколот на анонимноста а во некои места на планетава, во него се колнат и цели нации. На местото на кое обичено стои логото на шоуто, кај Микалефс е ставен слоганот "Kill Your Idol".