Кастингот е веќе започнат во Падова, а работата ја врши агенцијата за модели DocStile, која треба да ги избере кандидатките што ќе го придружуваат шеикот, неговите деца, жените, внуците и најразлични роднини (околу 40-50 луѓе, вклучувајќи го и обезбедувањето).
Од кандидатките се бара да бидат:
- млади
- убави,
- по можност Италијанки,
- да зборуваат англиски,
- да имаат самодоверба,
- да бидат воспитани,
- и да можат да одат на високи Лобутинки додека носат чанта.
Патувањето започнува следниот месец, а попатни станици се Париз, Мадрид, Стокхолм, Лондон, Ибица и на крај Италија.
Тоа што сте вие расипани и одма ви оди паметот на друго место, не значи дека девојките воопшто ќе бидат искористени како ескорт или слично, туку буквално ќе бидат помошнички, барем така тврди агенцијата што го прави кастингот.
Од девојките се бара да бидат на возраст меѓу 18 и 26 години и да знаат како да даваат прва помош. Тие треба да имаат и длабоко разбирање во мода, не само за неограничениот шопинг кој им е достапен, туку и за да го советуваат шеикот на оваа тема.
Клучна работа е што ангажманот трае само 15 дена, а по овој рок сите избрани девојки кои го придружувале шеикот од Дубаи ќе бидат заменети со нов тим на свежи девојки кои во следните 15 дена ќе бидат придружба.
п.с.
мејлот за испраќање ЦВ и закажување е info@docstile.it