ФБИ бара ограбувач на банки кој знае граматика

Може сфатил дека од копирајт не се живее баш најдобро па решил да смени професија. ФБИ се надева дека токму оваа негова карактеристика ќе го издаде.

Федералното истражно биро издаде потерница по ограбувач на банки во која како посебна карактеристика на лицето по кое се трага го издвојува неговото познавање на граматиката и пишувањето. 

Човекот е црнец, во 30-ти години, слаб и висок околу 180 сантиметри. Она што го издвојува и по кое ФБИ се надева дека ќе биде фатен е неговата дистинктивна навика "да влезе во банка и на службеник да му даде парче хартија со неговите граматички исправни барања, напишани со прецизно спелување и точна интерпункција".

За многу краток период, човекот извршил 4 вакви упади. А не зема пари, само влегува, ги дава своите барања и излегува од банката. За жал, ако биде фатен, за секое од овие дела може да добие по 20 години затвор.

И толку е оваа вест, напишана само затоа што нè потсети на еден од најдборите сцени на Вуди Ален, во неговиот филм Take the money and run.

10 април 2014 - 11:05