Анти - Парис Хилтон планот на Гејтс

Бил и Мелинда Гејтс имаат доволно пари за секој од нивните 3 деца инстантно да ги направат милијардери, само планот им е тоа никогаш да не се случи.

Зборувајќи на ТЕД конференцијата, Бил и Мелинда објаснија дека целата тајна е да се најде баланс за нивните деца да имаат слобода да направат се што сакаат, ама не таква слобода во која ќе бидат преплавени од пари за да можат да го трошат животот во празно: "Треба да имаат осет дека нивната работа значи нешто и дека е важна."

Идејата на Гејтсови доаѓа од еден текст на Ворен Бафет што двајцата го имаат прочитано уште пред да се земат. Главната поента на текстот е дека не им вршиш работа на своите деца ако ги направиш инстантно богати.

Тие не спомнуваат точно за кој текст, меѓутоа во едно неодамнешно интервју Бафет детално зборува за "семејните вредности на Бафет," кои тој вака ги објаснува:

"Нашите деца многу нормално растеа. Тие живеа само во една куќа што ја поседував во мојот живот и ја имав купено во 1958-ма. Значи, тие не не' гледаа нас како постојано се селиме во понови и поубави куќи, тие не се возеа во приватни авиони. Тие на училиште одеа со автобус. Секој член на семејството Бафет во Омаха одеше во јавно училиште. Тие одеа во истото училиште во кое одеше и мајка им. Тие одеа во истото средно училиште како и мајка им."

20 март 2014 - 16:27