Не млад туку ептен млад, 14 годишен, се вика Сувир Мирчиндани, учи средно во околината на Питсбург и објави пресметка по која федералната и државните администрации во САД вкупно можат да заштедат 234 милиони долари доколку се откажат од шаренилото фонтови кои моментално ги користат и сите го одберат фонтот Гарамонд.
Федералната бирократија би заштедила 136 милиони долари и администрациите на американските сојузни држави 97 милиони долари годишно.
Логиката е едноставна, фонтот Гарамонд е потенок од останатите па оттаму и помалку мастило би се трошело на печатење на тоните хартија кои ги издава администрацијата. На таа ставка, федаралните заштеди би изнесувале речиси 30 проценти.
Младиот Мирчиндани оваа логика прво ја докажал во својот училишен округ, покажувајќи дека би се заштедиле 21.000 долари годишно доколку се смени фоното па потоа ја продолжил формулата и на државно ниво.