Министрите од двете земји тврадат дека датумите само ги збунуваат луѓето и тераат да фрлаат добра и нерасипана храна. Се проценува дека по сите основи годишно низ ЕУ се фрлаат околу 100 милиони тони храна.
Иако има производи каде што логично се потребни овие датуми (млеко, јајца...), забелешката е за производи како брашно, или замрзната и конзервирана храна, која иако со тек на време би изгубила од текстурата и вкусот, и понатаму останува сосема здрава за јадење. Тие препорачуваат на производите да остане информацијата за тоа до кога треба тој да биде изложен во продавница.
До сега, идејата има поддршка од: Австрија, Данска, Германија и Луксембург.
Наспроти нив се Британците, кои иако се согласуваат дека се фрла многу храна, сметаат дека причините за тоа се сосема други.
Тие го наведуваат извештајот од IME (Institution of Mechanical Engineers) во кој се обвинуваат супер-маркетите дека со нивните акции "купи едно и добиј едно гратис" ги тераат купувачите да набават повеќе производи од што им се потребни. Во истиот извештај се тврди и дека три четвртини од британскиот зеленчук не се јаде, и најголемиот дел од него останува по полињата или супермаркетите го враќаат затоа што не изгледа совршено.
Одбраната на супер-маркетите е дека муштериите постојано ги бираат најубавите производи, комплетно игнорирајќи го секој плод што не изгелда совршено. Заради ова и тие мора да имаат строги стандарди за храната што ја ставаат на своите полици.