Во моментот кога човештвото прави пресврт од општество на ловци и собирачи, во земјоделско општество, почнува да опаѓа силата на екстремитите и севкупната мобилност кај мажите (кај жените е уште полошо).
Споредбата е дека физичката подготвеност (барем на тема движење) на просечниот маж фармер од пред 7.300 години, е на ниво на денешните крос-кантри трчачи.
Нашите предци од пред 30 до 150 илјади години, патувале екстремни дистанци во лов и потрага по храна, притоа на себе носејќи ги и децата како дополнителен товар, а на враќање и уловениот плен.
"Тие биле далеку посилни отколку денешните тркачи на долги патеки. Споредено, луѓето од тоа време биле чудовишта. Она што денес го гледаме е прилично патетично," објаснува др. Колин Шо од Универзитетот Кембриџ.
Целата разлика се случува со воведувањето на нови технологии и начинот на кој луѓето ја припитомуваат природата за своите потреби, кога со секој нов напредок луѓето имаат се помалку физичка активност. За да го поправиме ова колку можеме, др. Лорен Кордејн, професорка на Колорадо Стејт Универзитетот и авторка на Палео диетата, препорачува да се храниме и живееме како нашите предци.
Ова значи:
- исхрана со многу месо (не преработено)
- вежбање со тежини
- истегнување
- и посебно крос кантри трчање, кое според нејзе влијае на истиот начин на кој долгите патувања влијаеле на телото на нашите предци.