Ипсилон оска
Најлесен начин за погрешно да ги претставиш точните податоци е со ипсилон оска на графикон. Во најголемиот дел од случаите се трга 0 на графиконот па се оди до највисоката вредност. Втората варијанта, и сржта на измамата, е да не почнеш од нула туку од најмалата вредност што ја имаш.
Еве го примерот со два исти сета на податоци. На левата страна распонот е од 3,140% до 3,154%. Во примерот се земени каматни стапки и целата работа изгледа прилично драматично. На десната страна графиконот почнува од нула.
Неколку примери од реалниот живот:
Кумулативен графикон
Најголемиот дел од луѓето се решаваат да прават збирни графикони за работи како број на корисници, даунлодирања, пари и слични важни метрики.
На пример, наместо да се прави графикон со кварталниот профит, човек решава да ги прикаже вкупните приходи заработени (да речеме) во изминатите 10 години. И тоа изгледа добро.
Она што ја покажува вистинската слика е некумулативното претставување на кварталниот профит. Вака кога ќе се постават бројките, секој квартал за себе, очигледно е дека на компанијата и не е оди баш најдобро.
Најдобар пример за ова се графиконите на Епл за продажба на Ајфонот.
Неконвенционално прикажување
Човекот се навикнува на одреден начин на размислување и примање на податоците. Па секое нарушување на стандардите речиси гарантира дека погрешно ќе ги протолкуваме бројките.
Питата е од анкета што Фокс Чикаго ја емитува за време на изборите на републикански претседателски кандидат во 2012-та. Збирот од бројките на неа изнесува 193%. На сликата не е нагласено дека во анкетата најверојатно било дозволено да избереш повеќе од еден кандидат, заради што добиваме впечаток дека секој од кандидатите има по една третина од поддршката.