Норвешка

Властите на Норвешка сфаќаат дека имаат проблем со сексуално малтретирање во армијата. Решението им се базира контра сите инстинкти што може да ги имате околу проблемот.

Наместо дополнително одделување на машките и женските војници, тие решаваат да ги спојат што е можно повеќе. Максимум што можат да го направат според ингеренции е да ги стават во иста соба.

Така, сега во касарните (каде што е пуштена тест фазата од планот) собите ги делат четворица мажи и две жени. Норвешките медиуми ги пренесуваат изјавите на жените, според кои - ова функционира.

Главната поента зад планот е да се хуманизира "другиот," односно луѓето да се навикнат на разликите.

"Тука мора да бидеме тим, и мора да живееме заедно за да можеме да си веруваме еден со друг," изјавила за Локал, една од девојките вклучени во проектот.

Девојките во мешаните соби изјавиле дека целото искуство им помага да се чувствуваат како "еден од момците."

Меѓу другите промени кои во периодов ги воведе норвешката армија беше и дозволата за служење само вегетаријанска храна еден ден во неделата (за спречување на глобалното затоплување), и одлуката на машките војници да им биде дозволено да носат долга коса, се додека ја чуваат во реп или плетенка, исто како што важи и за женските.