Разно

Мажи за бришење солзи

Проблемот со плачењето е што за тоа можеш да им се отвориш само на блиските, а советот од нив најчесто е дека не се исплати по никого/ништо да плачеш, без притоа да имаат основно разбирање дека некогаш едноставно ти се плаче. Јапонците го решиле и овој проблем.

Секое можно интервју со ѕвезда

Пред да почнеме, една работа - интервјуто не е вистинито и не се однесува на една ѕвезда, женска или машка, туку повеќе е збирно искуство од сето она што може да се прочита по магазини / интернет / весници.

Дебелите стјуардеси летаат - од работа

Индијската државна авио компанија приземји 130 свои стјуардеси само затоа што не одговарале на пропишаните стандарди за тежина.

 

Милијардерот што ги доплаќа професорите на Њујорк

Затоа што е полесно да одвоиш милиони долари годишно отколку да и објасниш на администрација зошто средношколските професори по математика и физика се важни за образованието на децата, американски милијардер одлучил да им дели бонуси на професорите во Њујорк.

Кралицата нема пари како што вие мислите

Рекордното владеење на кралицата Елизабета Втора е обележано и со до сега невидена акумулација на богатство и раст на супер богатите. Меѓутоа, таа лично не успева да го следи овој тренд.

Сериската црна вдовица на Јапонија

Во 2013-та беше најден мртов 75-годишниот Исао Какеи, сопруг на 68-годишната Чисако Какеи. Полицијата утврдува дека во прашање е срцев удар, а за цело тоа време Чисако е совршено ужалена вдовица. По ова се случуваат две работи: прво, полицијата дознава дека двајцата биле во брак едвај еден месец, и второ, ова не и е прв пат на Чисако да заврши како вдовица.

Кралица Елизабета Втора, 63-години по крунисувањето

Во средата, во 17 часот и 30 минути кралицата Елизабета Втора и официјално го сруши рекордот на нејзината пра-пра-баба кралицата Викторија, за монарх кој најдолго владеел со Британија.

Колку чини патот до Европа?

Мазиад Алуш заедно со своите двајца браќа кон крајот на јуни трга од Турција за Европа. За ова, тројцата ги собираат сите пари што ги имаат, мајка им го продава целиот свој златен накит, а татко им ја продава семејната фарма. Тројцата заедно со уште 19 други, во рок од 15 денa стигаат од Турција до Дортмунд.

Како Ескобар губеше по 2 милијарди долари годишно

На врвот на својата моќ Пабло Ескобар заработува по 420 милиони долари неделно. И ова се пари кои пристигнуваат во готовина, како купишта банкноти.

Каде исчезнува салото кога слабееш?

Лаичката теорија е дека вишокот излегува како пот. Мнозинската теорија меѓу докторите е дека го претвораме во топлина и енергија. Последната студија објавена во Британскиот медицински журнал, тврди дека го издишуваме.

Пародијата може да биде исплатлива

Потребно е  или да се има публика, пазар и медиумска сцена или пак да постојат лесно навредливи политичари кои се мислат моќни. Ок, она првото го немаме.

Како кинеските возачи им пресудуваат на пешаците

Во април годинава БМВ кое со полна брзина минува покрај пазар во градот Фошан, удира 2-годишно девојче и продолжува да вози преку неа. Како што бабата на девојчето се развикува "Стој! Удри дете!" возачот на БМВ-то застанува, става во рикверц и повторно минува преку девојчето. Жената што вози става во прва и по трет пат минува преку девојчето. По ова, жената без возачка, излегува од кола и веднаш му нуди пари на семејството на девојчето, само за да кажат дека нејзиниот сопруг возел.

И Европа бега во ЕУ

Она што се сега се случува во Европа, кое ете и нас нè зафати па некогаш да се чувствуаме како дел од Европа, се смета за најголемата бегалска криза од Втората светска војна, која заврши со 40 милиони бегалци во Европа.

Како е да се биде себичен кретен

Човечки е да побараш и искористиш нечија помош, се додека ти е јасно дека ова создава преќутен договор дека и ти ќе му вратиш во иста мерка кога нему ќе му биде потребно. За луѓето од насловот, ова не важи.

Филантропијо, и на Бога си му тешка

Дали филантропијата, која во буквален превод значи љубов кон луѓето, може да биде нешто лошо? Може, ако е во спрега со капитализмот, кој под плаштот на таа иста љубов само ја поддржува постоечката нееднаквост, спречувајќи ја порамномерната дистрибуција на богатство и моќ.

Не вреди!

Минатиот месец во Нов Зеланд на 52 години почина Линс Рединг, уметнички директор кој работеше за ББДО и Сачи & Сачи. По неговата смрт, повторно големо влијание привлече еден негов текст од 2012-та, под наслов "A Short Lesson In Perspective".

Кога нема, нема ни за БМВ

Од една страна комплетна идиотштина е да му ги запалиш сите залихи со храна на тркачкиот тим на БМВ затоа се увезени, а ти не дозволуваш увоз на храна од Запад. Од друга страна, не знаеме како би реагирал Западот ако тркачкиот тим на Лада со себе си понесе пола камион забранета храна.

Си меркелуваме

Иако не е влезен во официјалниот германски речник, "Меркел" од годинава стана глагол во германскиот јазик, барем меѓу младите.

Телефонот е сè понебитен дел од смартфонот

Телефонот - знаете оној апарат на којшто го ставате увото за да зборувате со некого - станува излишен во ера на други формaти на комуникација. Терминот изгледа треба да се ревидира, бидејќи тој веќе не го подразбира истото што и во времето кога тоа беше единствениот начин да чуеш нечиј глас, и тоа само откако ќе ја изговориш магичната формула: „Ало, Миле, ми текна".

Купи куќа, купи село

Шпанија има стотици празни села кои живнуваат на една недела во годината или пак се сосема заборавени, ама за тоа Британија има луѓе кои не би да остават ништо заборавено.

Имигрантот кој одби да готви за Трамп

Светски познатиот готвач од шпанско потекло Хозе Андрес се соочува со повеќемилионска тужба откако одби да готви во хотелот на Доналд Трамп после негоите навредливи коментари за Мексиканците.

Мафијашкиот погреб што Рим не можеше да го одбие

Во четвртокот полицијата ги блокираше улиците на вечниот град за да мине позлатената посмртна поворка, додека во исто време хеликоптерите истураа латици од ружи врз нив. Ова беше последното изразување почит на 65-годишниот Виторио Касамоника.

Уште една победа за природната селекција

Градските власти на Дејтона Бич деновиве дадоа дозвола за започнување со работа на полигон за пукање. Во рамките на полигонот ќе има и ресторан. Во рамките на ресторанот ќе се служат и алкохолни пијалаци.

Дизнилендот на Банкси

Целиот муабет е во наводници, и според него Банкси веќе некое време работи на забавен парк кој за сега го крие со алиби дека е дел од сценографијата за холивудски филм. На идентично ниво на шпекулација е и дека отворањето е на 21-ви август.