Во исто време на последните избори во Индија победува Конгресната партија на актуелниот премиер Нарендра Моди, кој застапува посебен тип на Хинду национализам чија главна цел е спречување на ширењето на западните вредности во земјата и враќање на традиционалните стандарди за сексуална скромност.
"Па што бара Леоне во Индијата на Моди?
Сепак за вистински да ја разберете Индија, подобро прашање е: Што бара Моди во Индијата на Леоне?" пишува Шика Далмиа во Вик.
Конвенционалното објаснување е дека спротивноста меѓу Леоне и Моди е само дополнување на веќе постојните спротивности во земјата. Екстремна сиромаштија, наспроти екстремно богатство; екстремен пацифизам, наспроти екстремно насилство. Па така, тука се Моди кој никогаш во животот немал секс со никого (се развел од жена му пред да успеат да го консумираат бракот по што започнува целибат), и Леоне, која прави кариера од имање секс пред камера со секого. "Моди апелира на девствената и религиозна страна на Индија, а Леоне на Кама Сутра страната на Индија. Тие се јин и јанг на Индија."
За Далмиа, подемот и продорот на Леоне најлесно е да се опише како испуштен вентил за насобраната сексуална тензија на земјата, ама тоа нема да биде точно.
Таа објаснува дека Б-класа Боливуд филмовите на Леоне се меѓу најомилените, нејзините песни и танци се редовни на свадбите низ земјата, "плус и сопругите и сестрите едвај чекаат да се фотографираат со неа." За да биде комплетна приказната, Леоне во ниту еден момент од враќањето во Индија не се обидува да го сокрие своето минато, ниту да се извини околу него, туку пред цела држава на едно од најгледаните ТВ шоу ја раскажа својата приказна за тоа како работела како порно ѕвезда во САД.
"Една од причините како Леоне успеа да напредува е нејзиниот карактер: таа можеби не се извинува за своето сексуално минато, ама не е бунтовник кој се обидува да го потресе Индија и да ја извади од нејзините примитивни сексуални сфаќања. Таа сопствената сексуалност не ја комбинира со директна агресивност, туку со слатка ранливост. Таа сака да ја заведе Индија, а не да и го покаже средниот прст. Таа многу повеќе е Мерилин Монро, а помалку е Мадона.
Она што индиската младина го учи од приказната на Леоне, не се изборите што таа ги направила, туку дека таа можела да ги направи... Нејзините одлуки може и да не се правилните одлуки, меѓутоа тоа што таа можела да ја пишува сопствената судбина ги проширува границите на возможното вон што било што младите Индијци, се уште ограничени од касти, класи и меѓусебни договори, би можеле да замислат.
Младите сфаќаат дека нивните аспирации бараат материјална основа. Ова е причината зошто тие воопшто се собираат околу политичари како Моди. Тие не се привлечени од хинду национализмот на Моди, туку од ветувањето дека ќе испорача економски раст и дека од Индија ќе направи уште еден азиски тигар преку сеопфатна програма за либерализација, која вклучува намалување на бирократија, воведување даночни реформи и зголемување на странски инвестиции.
Индија не е само економија во развој; таа исто така развива и нови интереси и нови ставови. Моди и Леоне се само две страни на истата паричка," пишува Далмиа.