Русија се загрева побрзо од сите други

Оптоварена со поплави, шумски пожари и други природни настани, Русија се загрева 2,5 пати побрзо од просекот на планетата, соопшти надлежното руско министерство.

Извештајот на министерството за околина покажува дека руската температура секоја деценија од 1976 година наваму се покачувала за 0,42 целзиусови степени, што е 2,5 пати побрзо од светскиот просек од 0.17 степени.

Како посебно оптоварувачки фактори се наведуваат ланските поплави и годинешниов страшен дефицит на вода источно од Бајкалското езеро кое довеле до "катастрофален пораст на пожарите".

Посебна загриженост предизвикува прашањето за ефектите на затоплувањето врз енергетската структура на сибирските мразови. Постојаните проблеми со климатските состојби го дигнаа алармот кај институциите и во октомври беше ревидиран досегашниот план за справување со ефектите за атоплувањето. 

 "Ледот се повлекува, се појавуваат земјотреси каде што досега ги немало, земјата почнува да се лизга, избива гас на чудни места," изјави министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков.

А во моментов Русија е среде невообичаено топла зима, предизвикана од топлите циклони од Атлантикот кои ја одложија скијачката сезона и ги затворија градските лизгалници. Главниот град досега нема забележано ваква температура во овој дел од годината. Минатиот четврток во Москва беа измерени околу 9 степени.

Во врска со договорите постигнати на глобалната климатска конференција во Париз, Русија се обврза да ги намали емисиите на 75 проценти од волуменот постигнат во 1990-та година.

 

28 декември 2015 - 15:06