Прв и основен совет за идниот добитник е да се воздржи од "запаличу-пола-града" принесување жртви на боговите на лотаријата, и целиот напор да го вложи на задржување на својата анонимност и да не ја шири информацијата, или да почне со покажување на своите пари. (Ова важи дури и ако државата во која се падне џек-потот законски мора јавно да го идентификува добитникот, како Њујорк, каде советот за идниот милијардер е да основа фирма со ограничена одговорност на чие име ќе ја добие наградата.)
Од моментот кога си ги освоил парите, додека да почнеш да трошиш разгледај ги искуствата на претходните добитници, посебно на оние кои успеале да спискаат бескрајно многу пари за кратко време.
Паралелно со ова клучно е да почнеш да составуваш екипа од адвокати, финансиски советници и сметководители, кои ќе те водат низ купот пари што одеднаш си ги стекнал. Клучно е да не штедиш на пари за овие ликови.
Препораката на магазинот Форбс, е пред да купиш што и да мислиш да купиш, да ги исплатиш сите свои долгови (ако стигнат парите можеш и цел ОК кредит да исплатиш).
Во однос на главното прашање, топтан пари или на рати, советот на претседателот и ЦЕО на Дју Велт менаџмент, Џим Дју, е да се оди на рати.
"Ако ги инвестираш парите и имаш добар тим и ти знаеш што правиш, можеш многу подобро да минеш низ 29 години (на толку рати се исплаќа добивката) отколку да ја земеш половина сума одеднаш. А зашто би земал еднократна исплата? Ако си лош со пари, и ако немаш добар тим, тогаш пак можеш да спискаш многу пари во првите неколку години, а и понатаму да ти стигаат милиони во следните две децении," објаснува Дју.
Блиските, поврзани по сродство со тебе, претставуваат еден од најбрзите начини да ги изгубиш сите пари, конкретно ако им даваш пари на сите што ќе побараат.
Следното извлекување на американската лотарија е во среда.
Ако сакаш да си ги вежбаш шансите да ти се падне лото, клик тука