Порно 2015-та

Минатата година човечката цивилизација (само на Порнхаб) има изгледано 87,8 милијарди порно видеа, на кои се потрошени над 4,39 милијарди часови, што како количина време е 2,5 пати подолго отколку што хомо-сапиенсот е на Земјата.

Ако ве интересира за посети, годинава сајтот имал 21,2 милијарди посети, што раситнето изнесува 2,4 милиони посети на час, или 40 илјади посети во минута, или 6,7 илјади посети во секунда. Од останатите технички информации, серверите на Порнхаб во 2015-та секоја секунда стримале по 75 ГБ порно. Најчест збор во коментарите на Порнхаб бил "LOVE".

Според техничкиот дел од извештајот најмногу сообраќај на сајтот доаѓа од САД. Порнхаб бил повеќе пати отворен од Америка, отколку од Британија (втора), Индија (трета) и Канада (четврта), заедно. Траењето на просечната промена на глобално ниво, изнесува 9 минути и 20 секунди. Само две држави се над просекот, Филипини со 12 минути и 45 секунди, и САД со 9 минути и 51 секунда.

Најголема гужва на сајтот има од 22 часот навечер, до пред 1 часот по полноќ. Една глобална тенденција што ќе ги интересира работодавците е дека посетеноста на сајтот почнува да расте некаде околу 11 часот наутро и оди во нагорна линија се до 16 часот, по што почнува да опаѓа се до пиковите од 22 до 01 часот.

Од порно темите, топ 5 најпребарувани зборови за 2015-та на светско ниво се:
- lesbian
- teen
- step mom
- cartoon
- milf

Најголем раст во бројот на пребарувања од претходната година имаат термините:
- giantess (+1091%)
- celebrity sex tape (+829%)
- man eating pussy (+769%)
- massage hidden cam (+608%)
- real public sex (+583%)

По држави:

- Американците најмногу пребарувале step mom, cartoon и lesbian, a топ 3 омилени порно ѕвезди им биле: Ким Кардашијан, Миа Калифа и Лиса Ан.

- Британските посетители најмногу пребарувале lesbian, squirt и step mom, а и тие ја имаат истата тројка омилени порно ѕвезди, само со поинаков редослед: Ан, Калифа и Кардашијан.

- Индијците се заинтересирале за indian, indian bhabhi и indian actress, преференциите за порно ѕвезди им се исти како и на Американците со тоа што ја немаат Ким Кардашијан, а на нејзино место е Сани Леоне.

- На листата руски пребарувања доминира терминот russian, а по него се mom и teen, кај порно ѕвездите прва на список им е Саша Греј, па Лиса Ан и Медисон Ајви.

- Јапонците пребаруваат крајно националистички, па првите три термини им се japanese, japanese wife и japan. Во топ десет пребарувањата имаат само три термини кои не го вклучуваат зборот japanese, и тоа asian, hentai i chinese. Истиот стил продолжува и во нивниот избор на порно ѕвезди, во кој топ 3 се исклучиво Јапонки: Ai Uehara, Yuma Asami и Yui Hatano.

- Шпанците се единствени кои во топ 3 порно ѕвезди имаат машко. И тука веројатно станува збор за порно-патриотизам како кај Јапонците, па топ 3 списокот им е Начо Видал, Миа Калифа и Лиса Ан. Најпребарувани термини им се spanish, espagnol и teen.

На светско ниво најпребарувани порно ѕвезди се: Ким Кардашијан, Миа Калифа и Лиса Ан, а најголем напредок во 2015-та имаат Кендра Сандерленд, Пета Џенсен и Миа Калифа.

Топ 3 најпрегледувани категории на сајтот се lesbian, teen и big dick. Најголем број на женски посетители имало од Филипини (што делумно го објаснува и рекордното времетраење на просечната посета), а по неа се Бразил, Индија, Аргентина и Полска.

Најпребаруваните термини по полови се lesbian, threesome и squirt кај жените, и step mom, teen и milf кај мажите. По категории топ три најинтересни за жените се lesbian, gay (машки) и big dick, додека кај мажите се teen, big dick и ebony.

многу повеќе

9 јануари 2016 - 17:51