Според извештајот за 2015-та, Јапонија одбила над 99% од апликациите за азил во земјата. Во одбрана на јапонската влада не е дека ова е некое нејзино терање идеологии, туку самото јапонско општество има одбивност кон бегалци и воопшто странци, посебно оние без пари.
Севкупно Јапонија во 2015-та добила 7.586 апликации од бегалци, од нив освен овие 27 сите други биле одбиени.
Од апликантите само петмина се Сиријци, од кои тројца се примени, имало и шест од Авганистан, тројца од Етиопија и тројца од Шри Ланка.
Објавувајќи ги бројките, од министерството за правда изјавуваат дека станува збор за вртоглав скок на примените бегалци во споредба со 11-те од 2014-та и шестмината во 2013-та.
Според О.Н. Јапонија моментално е домаќин на 2.419 бегалци. Турција на пример веќе има 1,8 милиони бегалци.