Проектот на разговори со богаташи му трае веќе 3 децении, а во меѓувреме и самиот станува милионер. Она што го забележува како заедничко обележје за сите овие богати луѓе е дека во "слободно време се само-образуваат преку читање."
"Влегуваш во домот на богат човек и една од првите работи што ги гледаш е обемната библиотека од книги што ги искористиле за сопствено образование за тоа како да станат поуспешни. Средната класа чита романи, таблоиди и магазини за забава," објаснува Стив Сиболд, според кој богатите попрво би се образувале, отколку да се забавуваат со нешто.
Како пример го даваат Ворен Бафет, кој по лични проценки 80% од својот работен ден го посветува на читање. Авторот на книгата "Rich Habits: The Daily Success Habits Of Wealthy Individuals," Томас Корли, дава статистики според кои 67% од богатите гледаат ТВ само еден час на ден или помалку, додека 23% од сиромашните гледаат телевизија под еден час дневно. Тој исто така дошол до бројката дека само 6% од богатите гледаат реални шоуа, наспроти 78% од сиромашните.
Една од работите што Сиболд ја забележува е дека иако богатите и не се премногу заинтересирани за формално продолжување и надградување на образованието, ним им е јасна потребата од учење нови работи и по завршување на високото образование.