Вашингтон парализиран од 4 сантиметри снег

Обилните наноси од снег кои во некои делови од градот достигнаа височина нешто преку 4 сантиметри снег, комплетно го блокираа сообраќајот во главниот град на САД. Дури и претседателот Барак Обама саат ипол се враќал дома. А снегот допрва им доаѓа.

Американската национална метеоролошка служба официјално измери инч ипол снег го Вашингтон. На улиците тоа предизвика непрегледни колони, завеани и напуштени автомобили, сообраќајки и верглања на летни гуми по лизгавите улици.

Белата куќа соопшти дека претседателот Обама и неговата моторизирана свита патувале дури 1,5 час од базата Ендрјуз до Белата куќа, рута која обично се поминува за неполни 30 минути.

);

А аутцето на Обама не беше единственото кое лантраше по улици:

Колоните во градот изгледаа вака:

It's still stuck, he should have used Waze

A video posted by culminate_sexy (@culminate_sexy) on

 

 

Преку Твитер и другите мрежи, напатените сограѓани масовно си помагаа меѓусебе, постирајќи 'безбедни' мапи, како да се работи за освојување на Нормандија:

На некои луѓе ситуацијата им изгледала толку безизлезна што почнале да ги напуштаат автомобилите:

Елементарната временска непогода инстинктивно ги натерала луѓето од Вашингтон да нагрнат во продавниците:

Оставајќи зад себе апокалиптично празни рафтови и тезги:

Департментот за транспорт соопшти дека единиците на терен работат на одмрзнување на улиците за што користат една чудна мешавина (саламура + меласа од репка?). Во подобрите буџетски години се користела солта но оваа варијанта е поевтина.

Сепак, луѓето воопшто не беа импресионирани од ефикасноста на градските служби:

А снегот во Вашингтон допрва доаѓа. Метеролозите за петок предвидуваат снежна олуја која врз градот може да истури и до 60 сантиметри снег.

Држете се храбро драги Вашингтонци, не ве забораваме!

 

21 јануари 2016 - 09:41