А сакате и да се заклучува?

Нов канадски затвор вреден 40 милиони не бил отворен само затоа што ќе останел таков, отворен, и кога би бил отворен. А затворот обично треба да е затворен.

Затворските ќелии од новиот 40 милиони вреден затвор во една канадска провинција цела година се без станари откако било утврдена мала ситница во изведбата: ќелиите не можеле да се заклучат.

Освен овој суштински пропуст, изведувачите на градежните работи зезнале работа и со тушевите и осветлувањето.

Казнениот комплекс во Нова Скотија е дел од националниот план за проширување на ваквите капацитети вреден 2,1 милијарда долари со што треба да се отворат дополнителни 2,700 легла за станарите кои ги испраќа судот. 

А овој затвор со душа го очекуваат и слободните граѓани бидејќи требало да обезбеди нови 100 работни места.Работата во затвор е една од најдобро платените работи во околината.

Истиот систем за заклучување (модерен, со тач скринови) се има покажано како килав и во еден друг канадски затвор. Се расипал кога вратите биле во режим  "затворено", за среќа на надлежните. За сите надлежни освен за еден, затворски чувар кој неколку часа морал да остане заглавен во лифт во друштво со тројца затвореници. Жив е и здрав е, непроверени извори тврдат дека нерадо раскажува за таа епизода.

2 јануари 2016 - 14:05