Разно

Како нацистите претворија 250.000 обични луѓе во убијци

Химлер најверојатно нема убиено ниту еден Евреин "со свои раце", па пак е еден од главните обвинети за Холокаустот, исто како и Ајхман кој е главниот организатор на масовните депортации на Евреите.

Татко ми навиваше за друг клуб

Синот на Пабло Ескобар прописно ги искуди Нетфликс дека го утнале фудбалскиот клуб што го поддржувал неговиот татко. „Ако успеале да го утнат клубот, како човек да им верува за другите работи во серијата?“ А добра е серијата, ама и прашањето е на место.

Жижек против левичарското романтизирање на бегалците

Словенечкиот филозоф е загрижен поради европскиот однос кон бегалците. Не од крајната ксенофобна десница која цути низ континентот туку од заблудите на либералите и онаа хуманитарност која се темели на тезата дека сите сме исти. "Не сме сите исти", порачува Жижек залагајќи се за солидарност на реалистични основи.

Мароко ќе позелени 600 џамии

Зелената боја не мора да биде само боја на религија, сака да порача Мароко со планот да "екологизира" стотици џамии во земјата. МПЦ уште не е до таа лекција.

Кој од овие тројца го уби Пабло Ескобар?

Пред некој ден Нетфликс ја пушти втората сезона на серијата Наркос, која, освен ако не доцните со Пики Блајндерс, немате алиби зошто не ја гледате. Постојат три верзии за убиството на Ескобар. Се разбира, во сите три учествува тој, ама во третата особено.

Доналд Трамп и неговата армија "стелтови"

"Признајте, ќутенката ќе си го гласате Трамп?" Вака гласи насловното прашање на еден американски психолог која говори за скриениот адут на Доналд Трамп: армијата луѓе која иако јавно не го подржуваат, најверојатно ќе гласаат за него. Тоа се истите оние кои кај нас некогаш не го гледаа Вучиќ а денес не гледаат турски серии.

Погрешниот ден за административците од Дубаи да се успијат

Во неделата во 7 и 30, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи, се појави во владините канцеларии да види кој е дојден на работа. На сега веќе обострано разочарување, и негово и на вработените, никој не беше дојден. Недела е работен ден во Дубаи.

Русија се сака со вести

Доколку Шведска влезе во НАТО, Алијансата би можела направи тајна залиха на нуклеарно оружје на територијата на Шведска, а самите НАТО војници имуни на локалните закони би можеле да силуваат Швеѓанки без опасност од кривично гонење. Ова се дел од информациите кои неочекувано ја пресретнаа и преземаа дебатата околу шведското зачленување во НАТО.

Дебелиот хејтер што ослабе 160 кила

Џеси Шенд од џаболебарење се зачленува на бодибилдинг-форум исклучиво за да тера сеир со членовите. Кога се зачленува, тежи над 300 кила.

ОН шокирани од третманот на жените во - САД

Заклучокот на експертите за човекови права е дека Соединетите Држави многу заостануваат зад најголем дел земји во светот.

За лош доктор нема зима

Фармацевтските, како и компаниите за медицинска опрема во САД, продолжуваат да им плаќаат на доктори како на промотори и експерти-советници, дури и во случаи кога овие претходно одговарале за сериозни прекршоци.

Допрва има да ви биде топло

Јули не само што беше топол, не само што беше најтопол јули во однос на кој било претходен јули (од кога се мери), туку воопшто е најтоплиот месец во историјата, нормално доколку може да им се верува на мерките на НАСА.

Прво исполнување на „ќе те убијам ако не учиш“

Јапонски татко со кујнски нож го убил својот 12-годишен син затоа што малиов не успеал да научи за приемниот испит на училиште.

Омилен вид британско државјанство? Двојно

По бројки од 16 амбасади и конзулати на ЕУ држави во Лондон, во последниве два месеца зголемен е бројот на апликации за пасоши и прашања од британски граѓани за жителство во Унијата.

Од Германците ќе се бара да складираат „брашно, зејтин, свеќи“

За првпат по Студената војна, Германија ќе побара од своите граѓани при рака да имаат 10 дневни залихи за недајбоже.

Рекордерска 2016-та

Затоа што дискретни ишарети како катастрофална суша во Источна Азија, пожари на огромни пространства во Северна Америка, и тоа што прекуокеански патнички бродови редовно го минуваат Арктикот, не вршат работа, од научниците доаѓа официјално признание за тоа колку луѓето се ужасни по Земјата - и службено секој месец во 2016 е најтопол месец во историјата.

Доналд Трамп не ни сака да стане претседател

Снимателот на документарци изјавил дека "со сигурност" знае дека Доналд Трамп не сака да биде претседател на САД и тврди дека републиканскиот кандидат сега ја саботира сопствената кампања за да го избегне претседателскиот мандат.

Ако можеш, објасни ми ja, Боже

Кога знаеш дека некој човек природните несреќи ги толкува како божја казна за педерите и другите антихристи, има ќеиф да го слушаш како се труди да си објасни зошто неговата куќа е комплетно поплавена.

Најџел Фараж бара германско државјанство?

Откако е забележан како чека во ред за влез во германската амбасада во Лондон, заштитниот кловн на брегзит одбива да одговори на прашањето дали аплицирал за добивање на германско државјанство.

Стварно си гола вода во споредба со татко ти

Сомнежот што сето ова време успешно го гасиш со "и јас на негови години ќе имам таква сила" излезе дека ти е сосема оправдан - татко ти стварно е посилен од тебе, и тоа на која возраст сакаш споредувај се.

Никој не ми верува дека ништо не знаев

Брунхилда Помсел работела во срцето на нацистичката пропагандна машинерија. Во интервју по премиерата на документарец за нејзиниот живот, таа тврди дека нејзиниот шеф, Гебелс, ни од далеку не бил чудовиште, а неговите вработени не знаеле за холокаустот.

Исланд ќе добие мандатар пират?

Мнозинството аналитичари со сигурност предвидуваат дека на предвремените избори во Исланд, околу една третина од гласовите ќе добијат радикалните демократи - се залагаат за легализирање на дрогите и давање азил на Сноуден - кои локално се собрани во Пиратската партија на Исланд.

Климата само прави да биде бетер

Иако на краток рок спречува да бидете подвижна виледа, на долг рок зависноста од клима уредите не само што го прави светот потопол, туку и ја намалува вашата способност да се справите со топлото време.

Жени во миничи не стануваат бомбаши-самоубијци

Прво владата на Киргистан почна со кампања за разубедување на жените од носење муслиманска облека, а кога дел од муслиманите во земјата (кои сочинуваат 80% од населението) се крена против кампањата, претседателот Атамбајев порача - покажете ми жена-самоубиец во минисукња.