Разно

Британија, господар на светот?

Британците некако имаат пресметано дека во текот на историјата успеале да освојат 90% од државите во светот. Да, вклучително и нас.

Кој ќе ја собере водата?

Моментално во мрежата на подземни тунели на Њујорк има околу 400 милиони галони вода (1,5 милијарди литри). Од нив ниту капка не треба да биде таму. Американската армија треба некако да ја среди оваа разлика.

Најдобрите изуми на 2012-та

Списокот на магазинот Тајм за изумите по кои треба да се памети 2012-та има сè, од патики на Најк до облаци за внатре, подвижна фарма за риби и Кјуриосити. Плус уште 20-тина работи.

Каде е германското злато?

Германија има проблем кој никој не би помислил дека баш таа земја може да го има. "Локомотивата" на Европа, не е сосема сигурна колку злато поседува.

10.000 пепељари за Париз

Решавањето на проблемот со пушење во затворено, им отвори нов проблем на властите на Париз - поплава од пикавци по улиците и тротоарите.

Вистинскиот Милионер од гетото

Пред една година Сушил Кумар беше државен службеник во индиската сојузна држава Бихар, тогаш го избраа за учество на Кој сака да биде милионер и освои 1 милион долари, пари за кои на старата работа ќе му требаа 800 години за да ги заработи.

Готвењето нè направи луѓе

Започнувањето со готвење на храната е една од причините за наглото зголемување на мозокот на луѓето кое се случило пред 1,8 милиони години.

Еволуциското значење на бабите

Должината на животниот век на човековиот род еволуирал во најголем дел заради тоа што бабите биле тука за да се грижат за помладите.

Убавите луѓе се досадни

По дефиниција убавите имаат тенденција да бидат конформисти, заради што грдите од старт имаат предност кога е во прашање забавата.

Кој ќе го врати Кјуриосити на Земјата?

Иако Кјуриосити само два месеца е на Марс, од НАСА веќе почнаа да размислуваат како да си го вратат дома возилото од 2,5 милијарди долари. Време за испорака - во текот на овој век. Најверојатно.

780 илјади долари за невиност

Во изминатите неколку недели 20-годишна Бразилка ја нудеше својата девственост на аукција. Сето ова заврши кога еден Јапонец дозна за целата работа.

Туристички јуриш на Премиер лигата

Премиер лигата е претворена во таков глобален спектакл, што само минатата година туристите потрошиле 1,1 милијарда долари на натпреварите од англиското првенство.

Како лото милионерите ги трошат парите?

3.000 добитници на џек-потот на британската лотарија се сложни - на човек со нови пари му треба нов автомобил, нова куќа и џакузи.

Кутрите голи мажи

Ние не сме единствените Tалибанци на европско тло па на Прометеј што дополнително му монтиравме гаќа. Изложба во Виена која го следи неколкувековното проклетство на машката голотија во западната уметност и самата предизвика ужаснатост кај тамошните пуританци.

Оставете нè да се навредуваме

Роуан Аткинсон започна масовна кампања кој има за цел еднаш за секогаш да ги измени законите кои забрануваат "навредливи зборови и однесување".

Чудниот почеток на крајот на Армстронг

Кога Кајл Леогранде беше уапсен за допинг во 2008, тој не ни сонувал дека тоа ќе доведе до падот на најпрославениот велосипедист во историјата.

Зошто не може да се игнорира бебе?

Не е дека вие имате некој посебно силен родителски инстинкт, туку работата е што нивното плачење активира некои прилично примитивни делови од вашиот мозок што не можете да ги игнорирате.

Колку пари му заработи Феликс на Ред Бул

Спонзорството за подвигот на Феликс го чинеше Ред Бул околу 50 милиони долари, на што компанијата имаше ќар од околу 12.000%.

Именикот што никој не го сака

Yellow Pages до тој степен стана неинтересен за публиката, што сега мора да се вади на американскиот устав за воопшто да може да се појави пред Американците.

Ламбе скокна!

Вонсериски лудиот Феликс Баумгартнер успеа во својата намера да се фрли од керамидите на вселената, притоа да го пробие звучниот ѕид и на крај да слета на нозе во пустината Ново Мексико. Ако понеделнички имате дилема дали за нешто што ви е битно вреди конечно да го направите првиот чекор, ѕирнете како изгледа тоа кога пред себе се има бездна од 39 километри.   

Телефонска сметка од 11 илјади милијарди долари

Зeмете ја најголемата сметка за телефон што сте ја добиле, помножете ја со најголемиот број што го знаете и на крај пак ќе имате помалку за плаќање отколку една Французинка.

Членарина за Викиликс?

Додека се подготвува за првото објавување на сериозна количина тајни во последните неколку месеци, Викиликс комплетно неочекувано воведе наплата за пристапување на сајтот.

Ете, и тоа го решивме: рајот постои

Американски неврохирург често слушал приказни на свои пациенти кои имале блиска средба со смртта. Ги сослушувал од чиста куртоазија сè додека и самиот не паднал во кома и - отишол во рајот.

Врховни коментари

Додека историски Врховниот суд на САД е одговорен за оформување на иднината на земјата по најсериозните прашања што никој друг не може да ги реши, еден од актуелните врховни судии Анотнин Скалија, редовно ја размрдува јавноста со неочекуваните коментари.