Недоверба започнува кај жителите на екс-комунистичките држави кои се на самата граница со земјите на Западна Европа. Нивното верување дека преку граница е храната е поквалитетна и "гласањето со стапала" направија добар дел од маркетите во германските градови на границата со Чешка да бидат двојазични.
Иако за ова незадоволство се свесни веќе некое време, политичарите од Истокот дури годинава решија да се посветат на проблемот и да ќарат на оваа битка.
Во февруари чешки министер изјави дека на неговите луѓе им е смачено да бидат "кантата на Европа". Бојко Борисов го спореди начинот на кој производителите на храна ги третираат потрошувачите од Источна Европа со апартхејд. Словачкиот премиер го изнесе ова прашање на самитот на ЕУ во март годинава. Дури и 28-те лидери на ЕУ во нивната заедничка изјава го признаа проблемот со "двојниот квалитет на храната".
Во Унгарија веќе е во подготовка закон кој ќе ги присили производителите да ставаат налепници доколку нивниот производ има поразлична содржина од идентично брендиран производ на друг пазар. Додека владите од Истокот почнуваат да нарачуваат студии за споредба на квалитетот на производите, во Брисел се работи на методологија за стандардизирани тестови кои би им помогнале на ЕУ агенциите да го идентификуваат проблемот.
Од една страна производителите објаснуваат дека разликата во производите е резултат на изборот на добавувач или регионалните вкусови, а не дека некогаш се случило да испорачаат помалку квалитетен производ. Пример, Кока-кола во Чешка го заменува сирупот од фруктоза и гликоза, со шеќер од трска, а истото го прави и во Шпанија и Америка. За чешкиот министер за земјоделие "ова се само изговори".
"Меѓутоа ако кулинарските грижи на Истокот се претерани, тие може да покажуваат подлабок збир проблеми. Денес Западна Европа ужива во редок период на изобилие, ама делови од истокот и понатаму не можат да се ослободат од старите неврози. Реалните плати не ги достигнаа западните како што некои се надеваа, а масовната имиграција ги продлабочи демографските проблеми и недостатокот на стручна работна сила. Изразувајќи поддршка за неодамнешниот штрајк во словачката фабрика на Фолксваген, премиерот Роберт Фицо повтори една позната тема 'нашите западни пријатели не разбираат кога ги прашуваме зошто работник во Братислава има плата која е половина или две-третини помала отколку работник во истата фирма само 200 километри позападно.' Плата или храна, маката е иста. Мултинационалните компании сакаат да ја искористат Источна Европа.
Немој да се изненадите ако видите дека истото сфаќање излегува на површина и во самата ЕУ. Гледано од Истокот, агендата која се формира во Брисел од свеж бран за интеграција во еврозоната до предлози за социјални закони, изгледа непривлечно. Емануел Макрон кој стигна до победа во Франција завиткан во ЕУ знамето, може во моментот е главен лик во Брисел и Берлин. Ама неговите растечки напади на источните работници, кои привремено работат на Запад за пониски плати, тешко дека го направија помил за другиот дел од континентот.
Источна Европа не е благословена со голем број тешкаши. Г-дин Фицо се врти како што дуваат политичките ветришта, чешките гласачи се подготвуваат да изберат земјоделски тајкун, полските и унгарските влади цинично манипулираат со бегалските кризи на ЕУ кога не се зафатени со поткопување на сопствените институции. Тие не можат да очекуваат многу сочувство за проблемот кој очигледно го преувеличуваат. Сепак лидерите на Западна Европа не треба да дозволат сето ова да ги заслепи кон стравовите на луѓето од Истокот дека клубот во кој пред една деценија се приклучија со толкав ентузијазам повеќе нема место за нивните грижи," пишува колумнистот Карло Велики во текстот за Економист.