Во Европа (ЕУ) има растечка перцепција дека една конкретна категорија на општества или граѓани заслужува да биде етикетирана со презир или арогантно сожалување. Таа категорија е географски дефинирана: се наоѓа на исток. Во Брисел, Париз, Берлин и насекаде низ западниот дел од континентот, стана речиси нормално да се каже дека „Источњаците“ се оние што го расипаа ЕУ клубот. Дали е тоа фер?