Пред приватни домови, комплекси со апартмани, шопинг центри, големи паркинзи, низ цела територија на САД, една приватна компанија, Vigilant Solutions, прави инстант фотографии од возила и нивните регистерски таблички. Ги бележи фотките со гео локација и време и ги складира.
Имаат приближно 2,2 милијарди такви фотографии а секој месец зачувуваат по 80 милиони нови геотагирани снимки.
Нивен главен клиент е полицијата. Нивна главна жртва е приватноста на граѓаните. 33.000 американски полицајци имаат пристап до базата на податоци на Vigilant Solutions. И нивните служби плаќаат за да буричкаат по неа и да го составуваат мозаикот на своите истражни претпоставки. Њујоршката полиција, на пример, има сопствен систем за препознавање таблици па сепак дала 442,500 долари за пристап кон податоците на оваа компанија.
"Локација на мобилни повици, онлајн пребарувања, трансакции со кредитни картички, комнтари на социјални мрежи....секојдневно се собираат, се класифицираат и се чуваат. За просечниот Американец денес постојат преку 20 начини да се следат неговите секојдневни активности", објаснува експерт за Вол Стрит Журнал.
Последниве 5 години, Депарментот за внатрешна безбедност на разни агенции им дал 50 милиони доалри за системи за автоматско препознавање таблички.
"Дали тоа значи дека ако девојка му се бендисува на некој полицаец, тој може да провери каде сè била во последниве 10 години без таа да знае?," праша еден загрижен сенатор од Калифорнија.