За Чејни, кој кај првиот Буш служеше како секретар за одбрана а кај вториот беше потпретседател, Буш постариот објаснува: "Не знам, едноставно стана многу непопустлив и многу поразличен од Чејни кого го знам и со кого имам работено."
Што се однесува до син му, Буш најтатковски објаснува: "Тој ми е син, го даде најдоброто од себе и јас го поддржувам. Едноставна е равенката."
Најголемата критика за син му, е што му дозволил на Чејни "да изгради сопствен Стејт департман околу себе" и да вметне проблематична реторика во одговорот на нападите од 11-ти септември, "загрижен сум за реториката што се појави - дел од неа негова (на Буш помладиот), а дел на луѓето околу него."
Околу дипломатијата на син му, забелешка има и за прогласувањето на Оската на злото (Ирак, Иран и Северна Кореја), "која покажа дека историски веројатно нема за ништо да биде од корист."
Што се однесува до Рамсфелд, кој кај Буш помладиот доби два мандата како Секретар за одбрана, тој го нарекува "арогантен тип," дополнувајќи "не ми се допаѓа тоа што го направи и мислам дека тоа му наштети на претседателот."
"Никогаш не сум бил близок со него. Тој има недостаток на скромност, недостаток на капацитет да види што другиот размислува. Тој повеќе е за директно да се пресмета со другиот. И мислам дека ја плати цената за тоа," објаснува Буш во биографијата.