Сиви пари, а не Русија, најверојатно се причината за победата на Трамп

Сè што организирано е против Трамп не може да дочека конечно да се докаже целата афера околу руското мешање во американските избори и победата на Трамп, нешто што исто така може да се толкува како колективен мелем за стравот и паниките од времето во кое се најдоа и сите промени што се случуваат. Исто така веројатно е и дека е претерано со доделувањето супермоќи на Путин и неговата способност за глобален куклар.

Екипа од американскиот Институт за ново економско размислување, составена од тројца универзитетски професори, објави труд кој нуди обемна количина докази за нови идеи околу тоа како Трамп го изведе „изненадувањето на векот“.

Меѓу доказите е масовна база на податоци кои го документираат „доцниот и веројатно клучен прилив на сиво, едвај легално финансирање на кампањата – сиви пари - и подготвеноста на кандидатот да инвестира сопствени пари во очајничките последни обиди за победа.“

Тие исто така откриваат дека Трамп добива поголем процент на мали донации отколку Обама во 2012. Заклучуваат и дека американските алт-десничарски медиуми биле неспоредливо подобри во допирање до американските гласачи отколку Русите. Во равенката треба да се додаде и средната класа во некои од клучните сојузни држави каде досегашниот развој на економијата не е во нивна корист и решаваат да се свртат кон Трамп.

Мет Тејлор од Вајс, разговара со еден од авторите на студијата, Томас Фергусон, со цел да добие перспектива „колку малку почетокот на Трамп ерата се должи на политичките махинации на Путин - а колку отпаѓа на тоа што корпоративна Америка со цела снага застана зад Трамп.“

На прашањето зошто медиумите не се заинтересирале повеќе за донациите и црните пари во кампањата на Трамп, одговорот на Фергусон е „вистината е дека печатот е ужасен со финансиските прашања.“ И според него ова не е грешка само на новинарите, туку едноставно е тешка тема, па и нему му е потребна една година за да ги направи потребните пресметки.

„Овие донатори не ти ги даваат нивните вистински имиња или ќе ти дадат седум различни верзии. И сето ова е легално,“ објаснува Фергусон.

Инфузијата пари што тој ја забележува кон крајот на кампањата делумно влегува преку комитетите за поддршка на Трамп, а делумно преку самата кампања.

„Ама прилично е очигледно што направија. Дента кога Бенон и Конвеј преземаа, Вашингтон пост објави што прават тие, а тоа беше да се фокусираат на неколку индустриски сојузни држави и на уште неколку други каде веруваа дека можат да ги соберат гласовите од белите гласачи од работничката класа. И го направија токму тоа. Останаа фокусирани на тоа.

Тие многу подобро ја таргетираа својата публика отколку кампањата на Клинтон. Сите го знаеме тоа,“ одговара Фергусон.

               

Околу тоа што е сомничав за учеството на Русите и нивната пресудна улога и „местење“ на американските избори, Фергусон објаснува:

„Сите беа значително неискрени околу податоците. Јас не сум сигурен дека му верувам на Фејсбук и на сите други. Јас не знам зошто Конгресот не ги држи по многу повисоки стандарди околу тоа, иако јас прилично добро разбирам, а мислам дека и вие исто така.

Тука гледаме матни докази, и не би се изненадил ако излезат и нови. Меѓутоа според она што го имаме, зборуваме за околу 100.000 долари платени за реклами за Фејсбук, нешто на Твитер, тролови од Македонија, и уште некои други работи раштркани наоколу.

Ова е многу мала количина.

Нашата главна поента, е очигледната, и не е ништо оригинално во неа: сето ова во најголем дел е направено во Америка. Сите овие работи доаѓаат од домашни десничарски извори.“

За тоа како да се извади „крајна сметка“ од сето она што се случувало на интернет во тој период, ставот на Фергусон е дека нема потреба од такво нешто и тоа треба јавно да се каже.

„Меѓутоа Бреитбарт и сите овие останати (домашни) извори (на десничарска пропаганда) се активни со години. Тие се обучени и вежбани. И не е важно што некои луѓе од Кремљ работат со она што го извадил Бенон (во Бреитбарт) кога Бенон и компанија тоа го прават 24/7 три години однапред,“ анализира професорот на Универзитетот Масачусетс, Бостон.