Во 2007 Фереро, производителот на Нутела, отвора своја подружница во Грузија со цел да биде поблиску до изворот на клучната суровина за производство на кремот. Од 2007 до денес, Грузија станува третиот по големина производител на лешници во светот зад Турција и Италија.
Вака развиениот бизнис модел сериозно се компликува во 2014, по потпишувањето на договорот за поблиска трговска соработка меѓу Грузија и ЕУ (ДЦФТА - Deep and Comprehensive Free Trade Agreement).
ДЦФТА бара целиот извоз на земјоделски производи од Грузија во ЕУ да биде во согласност со ЕУ стандардите, што вклучува и официјален сертификат за потекло. Компликацијата настанува од тоа што значителен дел од лешниците (над 10%) што ги извезува земјата доаѓаат од Абхазија, територија која се отцепи од Грузија по војната во 1992-1993, и се уште е крајно спорна иако над 20 години ужива некаква де факто независност. Во моментов самата дебата околу тоа да им се даде грузиски сертификат на земјоделците на Абхазија се смета за предавство и има мали изгледи ова да се промени во догледно време.
Освен минусот во квотите, несогласувањето ги спречува двете страни заеднички да работат и на уште еден посериозен проблем за иднината на лешниците: решавањето на наездата од кафеави смрдливки кои ги пустошат насадите со лешници на територија и на Грузија и на Абхазија.
Без разлика колку сериозно изгледа проблемот, според анализата на содржината на Нутела далеку поалaрмантно би било кога би се случила слична криза околу шеќерот: