Најголемиот дел од изградбата на катедралата трае околу 80 години, а во овие 8 векови од нејзиното пуштање таму се крунисани над 20 француски кралеви. Годишно катедралата која е дел од културното наследство на УНЕСКО ја посетуваат околу 12 милиони туристи.
Освен самата градба, каде веќе или целосно фалат повеќе камења или треба да се репарираат, проблем е и внатрешноста на Нотр Дам и 2.230-те статуи во нејзе чија стабилност претставува опасност за посетителите.
Зборувајќи за состојбата на статуите, првиот човек на организацијата Пријатели на Нотр Дам, Мишел Пико, објаснува "тие (лицата на статуите) веќе изгледаат како сладолед што се топи на сонце." Професорот Едру Тулон по проучување на штетата на катедралата порачува "колку повеќе чекаме, толку повеќе ќе треба да менуваме."
Од Владата до сега имаат дадено пари за обновување на камбаните, по повод 850-годишнината на црквата во 2012, а за есенва пуштија 6 милиони евра за реставрација на еден сегмент. Тие не ветуваат уште нешто многу пари, објаснувајќи дека Франција има илјадници споменици, а и Нотр Дам не е најитниот меѓу нив и "нема да падне".
Во Нотр Дам се чува и самото евангелие на кое француските кралеви низ историјата даваат заклетва за време на крунисувањето. Евангелието е делумно напишано на црковно-словенски јазик, а делумно на глаголица (легендата е дека кога рускиот цар Петар Први доаѓа во катедралата во 1717, на изненадување на сите тој на глас почнува да го чита евангелието благодарејќи на јазикот на кој е напишано). Се смета дека евангелието во Франција го носи Ана Киевска, ќерка на кнезот Јарослав, кога се мажи за францускиот крал Анри Први бидејќи сака на него да ја положи заклетвата.