Самата идеја за користење на огнот за готвење за развојот на човековиот род е многу поважна од создавањето на огнот, објаснуваат невролозите од Федералниот универзитет на Рио Де Женеиро.
Готвењето ни помогнало по две основи: прво повеќе не сме морале да трошиме толку време собирање и консумирање на сурова храна, која мора да ја јадеш во поголема количина за да ги внесеш потребните дневни калории, второ, мозочната материја има потреба од многу повеќе калории во споредба со остатокот од телесната маса.
Токму заради ова горилите никогаш не можеле да развијат поголем мозок, бидејќи јадејќи сурова храна тие никогаш немале доволно калории да го нахранат и своето тело и мозокот.
Истиот проблем го имале и луѓето, се додека не го откриле готвењето на храната. 100% од зготвената храна се метаболизира од телото, додека суровата храна дава само 30 до 40 проценти од хранливите материи. Готвењето дополнително и ја омекнува храната и го забрзува процесот на џвакање и варење, објаснуваат авторите во студијата објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.
Авторите на истражувањето посебно ги критикуваат луѓето што денес заговараат јадење на сурова храна, под објаснување дека готвењето ги уништува природните ензими во растенијата или дека овој начин на готвење е добар за околината.
"Ако си здрав, ова е ужасна идеја. Секако дека брзо ќе ослабеш, ама цел ден ќе јадеш и се уште ќе се чувствуваш гладен," објаснува неврологот Сузана Херкулано-Хоузел.
Кога сме веќе кај готвење - Мојата кујна