Евтината нафта го упропасти рециклирањето

Некои еколози одамна имаат сомнежи околу реалните придобивки од рециклирањето. А денес тоа станува и финансиски спорно. Заради цената на нафтата, и новата пластика е евтина, а за онаа рециклираната никој нејќе да плати.

Многу луѓе меѓу зелените имаат дилеми околу рециклирањето и оклу тоа колку тој тренд навистина прави нешто добро. Луѓето внимателно ги одвојуваат стаклените шишиња за што? За подоцна тие да се скршат и повторно да завршат на депонија. Авторот на "Планетата Отпад" Адам Минтер смета дека рециклирањето е најлошо од трите еколошки Р (Reduce Reuse Recycle).

Тој опишува студија во која на луѓе требало да сечат хартија со ножици (за да ги тестираат ножиците). Крај себе едни имале канта за одвоен отпад, а други обична канта. Првиве потрошиле двојно повеќе хартија. Едноставно, опцијата за рециклирање го зголемил отпадот, бидејќи тие луѓе имале чувство дека прават нешто добро па не внимавале на количините. 

Но, рециклирањето не е само морално проблематичен чин. Во вакви пазарни услови тој станува и финансиски проблематичен.

Дејвид Гелес во Њујорк Тајмс пишува дека пазарот за рециклирана пластика пресушува заради колапсот на цените на нафтата. Новата пластика се прави од и онака евтини фосилни сировини па онаа од рециклирање денес е двојно поевтина отколку пред една година. Градови кои некогаш земале добри пари од рециклирање денеска плаќаат за тој отпад да им биде некаде дислоциран. 

Рециклирањето е во криза. Некогаш сите учесници во рециклирачкиот еко систем можеа да профитираат. Денес тоа не е слупчај, вели извршниот директор на компанијата Waste Management.

повеќе

 

 

16 февруари 2016 - 14:14