Денес во Европа се води борбата за деколонизација

Турција и Јордан имаат право да зборуваат за бројот на бегалци, ама не и Европа, каде пристигнувањето на бегалците всушност значи неуспех на пост-колонијалниот период. Европа денес се соочува со своето колонијално минато, објаснува ко-авторката на проектот ДААР, Палестинката Санди Хилал.

Жената е архитект, авторка, еден од луѓето зад ДААР (Decolonizing Architecture Art Residency), поранешна вработена на агенцијата на О.Н. за помагање на палестинските бегалци на Блискиот исток, а најновиот ангажман и е предавања на тема „Архитектура на егзилот“ кои се дел од проектот „Тие беа какво-такво решение“.

Хилал својата пракса ја започнува во Италија во 2005, заедно со нејзиниот партнер Алесандро Пети. Еден од првите проекти им е изложбата „Нација без држава“ на тема Палестина и тамошните проблеми.

„Бевме наивни; со тек на време се промени нашата одлука да ги уверуваме луѓето од Западот дека колонијализмот е лош, па решивме да отидеме во Палестина. Сакавме на дневно ниво да се занимаваме со прашањето што значи да се живее во колонијализам и како можеме да се бориме против него.

Пред да почнам за зборувам за архитектура на деколонизација, сакам да кажам колонизацијата на една земја веројатно е и најмеката форма на колонијализам.

Веројатно главното прашање е опасноста од колонизирање на нашите умови. Најголемата опасност е во тоа нашите умови да се така колонизирани што почнуваме да веруваме дека ништо не може да се промени, што денес насекаде е видливо,“ објаснува Хилал.

Дел од нејзините планови опфаќаат како еврејските населби „изградени со палестинска работна сила на палестинско тло“ да се трансформираат во училишта или болници, „тие според меѓународното право се нелегално изградени, па зошто тогаш не би можеле за нив да размислуваме на поинаков начин?“

Ова пак од спотер ги води до друго размислување, каде би се вратиле Палестинците по напуштање на камповите, „бидејќи тие им припаѓаат на две места - на кампот и на местото од каде што заминало нивното семејство.“

Работејќи со бегалците, таа сфаќа дека тие живеат во константа контрадикција „како да го подобрат секојдневниот живот и услови за живот, а истовремено да не го изгубат правото на враќање во своите родни места.“

„Во секој бегалски камп во кој изградија кровови или ѕид, се поставува прашање дали овие постојани елементи го загрозуваат правото на враќање,“ објаснува Хилал.

Проектот „Дневна соба“ пак е посветен на бегалците во Европа, која моментално се среќава со своето колонијално минато. Како што објаснува Хилал „за време на колонијализмот Европејците ги убедија колониите дека Европа е рајот на земјата и денес тие луѓе од колониите се во Европа.“

„Тоа за нас претставува ’бегалска криза’,“ порачува Хилал.