Повод да се осврне на оваа тема, Љоса наоѓа во книгата “Империофобија и Црната легенда“ на авторката Марија Елвира Рока Бареа. Со поднаслов „Рим, Русија, САД и Шпанската имерија“, делото се занимава со црните легенди кои успеале да ги создадат првите три империи од поднасловот. Авторката притоа умешно искористила импресивен библиографски капитал и завиден интелектуален и фикциски материјал со кој со векови се подрива шпанската историја и врз неа се фрла погрешно светло заради исмевање на нејзиниот народ.
Според авторката, таа легенда сè уште е жива затоа што самите Шпанци, нуту сакале, ниту умееле да ѝ се спротивстават, игногирајќи ги карикатуралните прикази кои ги претставувале како фанатици, перверзњаци, игноранти и заколнати непријатели на науката, цивилизацијата и модерното живеење.
„Знаете ли дека колежите и масакрите на католици во Англији под Хенри Осми или кралицата Елизабета, или оние спроведувани од Вилијам Орански во Холандија биле неспоредливо побројни од оние од целата историја на страшната шпанска инквизиција? Знаете ли дека цензурата на книги во Франција, Германија и Англија била многу построга отколку во Шпанија?“, прашува Љоса во Ел Паис.
Според Рока Бареа, анти-шпанските оцрнувачки легенди биле производ на изрежирана пропаганда која ја потхранувал протестантизмот - особено неговата калвинистичка и англиканска верзија - против шпанската имерија и католицизмот, за да се потхранува сопствениот „бренд“. За тоа постојат бројни и секакви примери: теолошки расправи, историски книги, документарци, карикатури, вицови, стрипови. А имало материјална потреба од тоа: кога се коваат тие легенди, шпанската империја е во своето златно доба па конкурентните империи сакаат да го заземат тронот а конфесиите секогаш се во трка кој да има монопол врз библиските вистини.
„Распространетоста и долговечноста на таквите легенди се должи на рамнодушноиста на шпанската имерија, а потоа и не нејзините интелектуалци, писатели и уметници, кои наместо да се бранат, во голем дел ги прифаќаат таквите легенди како една морална самокритика, поддржувајќи ги преувеличувањата и измислиците кои формираат слика за еден народ како нетрпелив, избувлив и мачистички. Што се коси со слободумноста и научниот дух кој владеел со таа земја“, додава Љоса.
Тезите и доказите на Бареа се необориви, но истовремено и залудни, смета нобеловецот. Кога една таква малигна фикција, која денес би се именувала како пост-вистина, ќе почне да важи како вистина, таа одолева на сите аргументи и критики.
„Токму затоа, наполеоновите битки, кога за нив ни раскажуваат Виктор Иго или Толстој, наспроти бројните грешки во нив, ни изгледаат поубедливи отколку приказите на педантните историчари“, вели Љоса околу тезата дека фикцијата често ја голта историјата.