Мислења

Поштено истурање емоции и гнев

И многу јасно... секој си ја сака земјава ама ти да си ги осудиш децата и фамилијата да ги утепуваат едни те исти хоштаплери и криминалци кои ќе си се ротираат и ќе ни пружаат јак секс на по неколку години – тоа тешко!

Како "Friends' ја иницираа пропаста на западната цивилизација

"Го гледам газот на Ким Кардашијан на насловната веб страница на CNN и ми е страв" вели еден многу интересен текст по кој самракот на западните вредности започна со популарната серија и тоа како таму помина единствениот интелектуалец меѓу пријателите.

Зошто Белгија?

Водечкиот истражувач за тероризам на Кралската воена академија на Белгија, околу тоа зошто европскиот џихад е фокусиран на Белгија, и зошто е толку тешко за белгиските власти да го решат проблемот?

Бомбардирање за почетници

Државното насилство над цивилното население кое беше вовед за војната во Косово, започна многу пред моето раѓање, а самата војна, во своите најразличните облици, се протега низ целиот живот на мојата генерација. Одбележувањето на годишнината од почетокот на бомбардирањето на СРЈ меѓу припадниците на генерациите родени во 80-те и 90-те, и оваа година ќе предизвика збунетост и ќе го продлабочи незнаењето кое младите во Србија го имаат околу бомбардирањето и "војните во бивша Југославија."

Курчење

Можеби треба да се запрашаме за причината и за потеклото на таа интересна појава. Како да е тоа фабрички вградено во машките уште од праисторија, ама во меѓувреме некако се довело под контрола кај пристојните луѓе. Типично машки начин на однесување, иако има и женски примероци.

По Брисел, Европа веќе нема што да негира

Овој пат Брисел, срцето на Европа, беше нападнат од исламистичките терористи. Нивна мета беше овој град, каде хуморот, дрскоста, белгискиот начин на не сфаќање себеси премногу сериозно, е спротивен на сето она што овие варвари го имаат на ум: евтини уверувања, омраза кон другите, насилство на "чистите."

Терористите победуваат во Европа

Европската Унија е институционално парализирана и не може соодветно да одговори, и затоа ќе остане на нишан на терористите, е ставот на експертот за геополитика Џорџ Фридман (резиме тука).

T'га за југ

Т'га за југ е питка и лесна, посебно ако не сте фиксирани за нејзиниот вински идентитет, но поважно е тоа што преку неа се остварува еден важен комунистички идеал: сиромаштијата веќе не ја боли глава!

Ерата на подемот на глобалниот апсолутист

Еден од најпогрешните ставови, базиран на примери како Ле Пен и Вилдерс, е дека апсолутизмот бележи раст на Западот. Точната верзија е дека апсолутизмот напредува низ цел свет.

О.Н. ве сакам, ама пропаѓате

Обединетите Нации вршат непроценлива работа околу бегалците, проблемите со глобалното затоплување, Сирија, Ирак, Судан, "меѓутоа во однос на севкупната мисија, благодарејќи на колосални грешки во работењето, Обединетите Нации се неуспех."

Повик за единство на босанските муслимани

Со влегување во отворен судир со вахабистичката заедница, Хусеин ефендија Кавазовиќ покажа одговорност и храброст, но и свест за тоа каде и во кој век живеат оние што ги преставува Исламската заедница.

Отворено писмо на Пирс Морган до Ким Кардашијан

Ким, ти и натаму имаш одлично тело, но ако си толку успешна, богата и сигурна, зошто и натаму имаш потреба да позираш гола на 35 години?

Вака завршува Западот

"Во 50-тите години, кога институциите се уште беа нови и нестабилни, луѓето стравуваа дали Западната алијанса ќе издржи. Стравуваа за истото и во 70-тите, во времето на Виетнам и Црвените бригади. Но во мојот зрел живот не се сеќавам дека сме имале драматичен момент како овој", вели полско-американската новинарка со Пулицерова награда, Ен Еплбаум.

Дојчланд убер Алах

Ми ѕвони некни во два по полноќ Кожо да ми каже виц. Има тој таков обичај, да сврти во глуво доба од кафана за да раскаже виц.

Не гласајте за Доналд Трамп

Од почетокот на годинава, Луи секоја сабота им пишува меил на фановите во кои обично ја најавува следната епизода на неговото шоу "Хорас и Пит." Неделава мејлот имаше еден поопширен постскриптум.

Повикот на вечниот фашизам

Од воведот за најавите за снимање на филм за воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан: Филмот би требало да се снима во Америка, Роберт Де Ниро наводно би го глумел Милошевиќ, Ева Мендез го има ликот на Светлана Ражнатовиќ, а за Аркан се уште не е најден адекватен глумец.

Вреди ли ЕУ за маката?

Прашањето е инспирирано од референдумот во Британија, ама дискусијата не е само за Британија туку е за целата ЕУ. Разликата е што додека во остатокот од ЕУ ова е прашање што сите радо го избегнуваат, во Британија министерот од истата партија што ја внесе земјата во Унијата сега повикува на нејзино напуштање.

Новинарството е киднапирано

По професија новинар, инаку извршен директор на данскиот ДР (нешто како данско БиБиСи), Улрик Хагеруп прави рецензија на сегашната состојба на новинарството, сите негови мутации кои му се случија по пат и како моментално луѓето на новинарите им веруваат само малку повеќе отколку на проститутките.

Миљенко Јерговиќ за Фејсбук

Весниците се јавна платформа на низа индивидуални гласови, фејсбук е приватна платформа на која се воспоставува колективно мислење. Фејсбук е плоштад на кој секој може да каже што мисли и секој што го донел својот задник на плоштадот или на Фејсбук има право на мислење, додека весниците би требало да бидат - академија.

Сириската замка за НАТО

Беспрекорната кохезија на членките на НАТО беше еден од факторите што помогна да се сруши една од најзастрашувачките воени машини на сите времиња, Советскиот сојуз. Сепак растечките корозивни капацитети на сириската криза не треба да бидат потценети, објавува Лес Еко во својот едиторијал.

Путин, Папата и Патријархот

Рускиот претседател за време на својот стаж како офицер на КГБ научи како да ги искористува другите. Во биографијата, Новиот Цар, поранешниот шеф на московското биро на Њујорк Тајмс, Стивен Ли Мајер, објаснува како Путин додека бил распореден во Источна Германија во последните години на комунизмот, ја искористил слабоста на својот противник за напредување на советската кауза.

Холивуд ќе ги научи сите погрешни лекции од Дедпул

Откако Дедпул успешно ги растури сите рекорди на заработувачка за филм со "Р" рејтинг, прогнозата на Џејмс Ган, режисерот на Чувари на Галаксијата, e - само гледајте сега како ќе не затрупаат со копии.

Европа ја организира омразата (повторно)

Кај десницата - и кај левицата - постои игнорантно и штетно сфаќање дека исламот и исламизмот се едно исто.

Народе, крив си!

Ти би да бараш правда со „лајк" на Фејбсук. Ти би сакал со „шер" да го разбиваш криминалот, а со „клик" да апсиш злотвори. Ти би сакал сè, но за тоа сè да не направиш ништо. Е нема да може, народе.