"Никој повеќе не смее нас да нè тепа!" извикаа радосно хрватските лидери на 1-ви април 2009 година кога Хрватска и официјално влезе во НАТО пактот како 28-ма членка на тој воен сојуз. Пред тоа тие го уверуваа народот дека влегувањето е неопходно затоа што сега ќе престанат да се излеваат милијарди и милијарди пари на инвеститорите уплашени дека во малата, но моќна држава, нема да можат да најдат безбедност.
И пазарот! Како може да заборавиме на него! Тие уверуваа дека сега домашните компании ќе излезат на пазар од половина милијарда купувачи, па и само кибрит да произведуваш - пак е доволно за огромна заработувачка. Задолжителниот воен рок повеќе не беше ни потребен, затоа што тука се 27 добро вооружени членки подготвени да скокнат на помош дури и ако некој те загледа на криво.
И малку по малку, се покажа дека народот, наивен каков што е, не го виде добро датумот на приклучувањето и дека сè всушност е добра првоаприлска шега. Хрватска денес повторно воведува воен рок и претура по разни џебови за да најде некоја пара за да купи барем чатал како би можела да се трка со подеднакви сиромашниот сосед од кој стравува подеднакво како и претходно, повеќе не произведува кибрити, но оние ветени милијарди останаа некаде на друго место, додека нашите милијарди најдоа сместување некаде вон државата, често пати на сончево и егзотично крајбрежје.
Вози, Мишко
Ама нема врска, требаше да се влезе во Европската унија, кој воопшто ќе се замара со некакви првоаприлски шеги. Што било - било! Па хрватските водачи на 1 јули 2013 организираа велелепна забава на централниот плоштад во главниот град по повод влегувањето на Хрватска во ЕУ, затоа што, како што тврдеа, ако не влеземе, можеме да се збогуваме од пензиите. А кога конечно ќе влеземе ни се отвора пазар од половина милијарда луѓе, па да произведуваш и само машини за шиење - ќе биде доволно за огромна заработувачка; границите повеќе нема да бидат важни затоа што тргнуваш од Хрватска и - вози, Мишко! Сè до Швајцарија ако сакаш, без да мораш да облекуваш по пет шверцувани џемпери на тебе и три пара пантолони во кои сигурно со ставил четири штеки цигари за сомничавиот цариник да не ти собере сè што си купил со последните пари. Во Шведска ќе одиш како да одиш до викендица, а хрватскиот ќе стане официјален јазик на Европската унија. Па каде поголема гордост од ова!
И малку по малку, се покажа дека народот, наивен каков што е, се уште не сфатил дека сето ова беше само првоаприлска шега и дека никогаш не ни имаше шанса да стигне до пензии, машините за шиење веќе не се произведуваат, туку се чека пет часа да се мине граница со Словенија, а Шведска никогаш не била подалечна и потуѓа.
Предалеку е сега и Словенија додека чекаш во задушливиот автомобил што стои во колоната од 20 километри. На хрватски не можеш да ги прочиташ ни клучните документи бидејќи на јазикот се преведени само некои па ако не знаеш англиски, француски и германски, нема да знаеш ни зошто чекаш на границата која не би ни требало да биде тука. Барем така ветуваа. Како што ти ветуваа и дека ќе имаш европски супер брз интернет ако ја продадеш својата најголема телекомуникациска компанија на Германците, а еве те сега - не можеш да ги отвориш ниту документите затоа што го имаш најспориот интернет во Унијата.
Па седиш во автомобилот слушајќи радио кога веќе не можеш да сурфаш на интернет, а на него зборуваат за Европа во повеќе брзини, а ти се чудиш за какви брзини бладаат кога знаеш дека ти чекаш на чело. И точакот што скапо го плати има 21 брзина па ти користиш само една, и тоа ретко, бидејќи денешните седишта се тврди па газот те боли по само 5 минути возење, заради што избегнуваш да го возиш. Пред тоа имаше точак Пони со само една брзина, но барем можеше да го поправиш и да му менуваш гуми, а не овие денешниве мораш да ги носиш на сервисер да го подмачка или да ти смени гума.
На Понито можеше да ставиш и банана седиште, таква мека и долга па газот немаше ни да го осети возењето. По некое време ќе купеше и некоја брзина или поголем точак Турист, како и што се очекуваше од тебе кога ќе пораснеш и ќе се воозбилиш. Сè тогаш беше, додуша, во една брзина, ама барем возеше точак затоа што задникот не те болеше.