Апашот се пофали дека со венецуелската нафта ги покриле трошоците на нападот на Иран
24 мај 2026
-
За време на митинг за поддршка на реизбор на негов републикански пулен, Трамп изјави дека нафтата што САД ја земале од Венецуела за време на воената операција во која беше киднапиран претседателот Николас Мадуро, „ги платила трошоците“ за војната во Иран.
-
„Знаете како поминавме со Венецуела? Не поминавме лошо. Извадивме толку многу нафта од Венецуела, што ги плативме трошоците за војната околу 25 пати повеќе,“ изјави Трамп.