Ако е за споредби, тој Фердинанд опиен од мирисите не само што ме потсетува на апстинентите туку и на граѓанин чие неизлегување на избори не е единствен аспект на неговата незаинтересираност.
Вистинскиот проблем што го создава феноменот Фердинанд е апсолутната незаинтересираност за општествени промени. Изборите не се само начин нешто да се смени во општеството туку тоа е и однесувањето на обичен човек во непосредната околина кој на разни начини треба да потсетува дека власта е тука за него и за неговите деца, комшии, пријатели, дека улогата на власта е без збор да му служи на народот.
Не треба да се биде како Фердинанд кој ужива во својата самодоволност и самоважност.
Да не се појавеше Бели многу Фердинанди и понатаму ќе беа заспани. Имаме протести на студенти и граѓани. Токму тоа што Бели ја повторува мантрата "Само јако" претставува повик на движење и промени. И оние кои чекаа нешто да им падне од небо, дочекаа да им падне Бели.
Тогаш не е ни чудно што толку млади луѓе шетаат по улиците на нашите градови. Бели им влеа надеж и во тоа се состои неговата магија. Многумина поверуваа дека Бели ќе ги добие изборите. Иако медиумите му поклонија големо влијание, иако е претставен како феномен, тој изборите не ги доби, но победи. Некој спомена, за време на кампањата, дека Бели нема да предизвика револуција туку еволуција. Еволуцијата е неизбежна. Видете ги само сите тие граѓани, млади луѓе кои до вчера ги нарекуваа овчички. Нема веќе така лесно да се изговара она "Луѓето се овци. Ние сите сме овци. Овците се за шишање" бидејќи сега одеднаш тие стана волци и волчици.
Ене ги на улица, не следат пијан пастир кој ќе ги одведе до провалија, туку одат во чопор и бараат од пастирот да оди во кафез или едноставно да си замине. Тие волци на улица не го сакаат месото на водачот, бидејќи истиот многу им се згади. Тој треба само да го отстранат затоа што ја расипува пролетта, зад себе остава ѓубре бидејќи и самиот е ѓубре.
Бели ја крена младината. Од овци направи волци. Им даде основа за надеж, ги разбуди заспаните и го разголи царот.
Бели не оди на протести, но Бели стои зад протестите. Неговата мисија на освестување успеа.
А јас сум љубител на пролетта, не како оној Фердинанд туку како некој што се радува на протести. Желно исчекувам експлозија (од бои) на српската пролет, сезона на големо чистење, кога цели нации имаат обичај да ги засукаат ракавите и сето ова ѓубре да го исфрлат од земјата или длабоко да го закопаат во земјата.
Убаво е тоа што кажува Бели дека најпрво работите треба да се менуваат во сопствениот двор. Се согласувам, но тука е најтешко да ги промениш. За тоа е потребно поголемо ангажирање од само одење на избори или пишување по Фејсбук. Ние кои живееме во Младеновац имаме право да бидеме горди на Бели, на неговиот вкупен изборен резултат, но мораме да внимаваме таа опиеност со еден вид колективен триумф (на чело со Бели) да не нè заспие.